Торино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Торино
Torino
—  Општина  —
Comune di Torino

Грб
Торино се наоѓа во Италија
Торино
Местоположбата на Торино во Италија
Координати: 45°04′ СГШ 7°42′ ИГД / 
Земја Италија
Регион Пиемонт
Покраина Торино (TO)
Управа
 • Градоначалник Серџо Кјампарино (Демократска партија)
Површина
 • Вкупна 130,17 км2
Надм. вис. 239 м
Население (30 април 2009)[1]
 • Вкупно 910.188 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр. 10100, 10121-10156
Повик. бр. 011
Заштитник Јован Крстител
Слава 24 јуни
Портал Матична страница

Торино (италијански: Torino, пиемонтски: Turin) е четврти по големина град во Италија. Познат е како најиндрустриски град во Италија. Во него е седиштето на светски познатите автомобилски компании Фиат, Алфа Ромео, Ланча и други. Торино со својата покраина во регионот Пиемонт е познат како местото на раѓање на современата италијанска држава.

Положба на градот[уреди]

Торино се наоѓа во северозападниот дел на Италија. Низ градот тече реката По (најголем град на оваа река). Од главниот град Рим, Торино е оддалечен 700 км северозападно, а од Милано е оддалечен 130 км западно. Торино има население од 910.188 жители и површината на градот изнесува 130,17 км².

Природни одлики[уреди]

Релјеф[уреди]

Торино се развил во западнито дел на Падската низина и со три страни (југ запад и север) е опкружен од Алпите. Градот е на рамничарски предели со поглемиот дел, но помал дел (источниот дел преку реката По) е на ридест дел (подножјето Монферат).

Клима[уреди]

Климата во торино е изменето континентална со влијание од Средоземното Море. Затоа во лето е многу топло, а во зимите снегот е редовна појава и е многу ладно во однос на поголемиот дел на Италија.

Вода[уреди]

Торино се развил на реката По која е симбол на градот. Освен таа река низ градот минуваат и нејзините утоки: Дурија Минор, Сангоне и Стура ди Ланцо. Торино е најголемиот град на оваа река. Таа го дели градот на источен и западен дел и во средината на градот се формирало таканаречено градско езеро.

Историја[уреди]

Историјата на Торино започнува во 3 век п.н.е. кога во долината на реката По се населиле првите племиња-Таури (потомци на келтско-лигурска лоза) и Гали кои ги поминале Алпите во потрага по обработливо земјиште. Римјаните ова подрачје го освоиле во 2 век п.н.е. Гај Јулиј Цезар во 29-28 година п.н.е. ова подрачје го претворил во војна база и ја доделил на неговиот роднина Августул.

По падот на Западното римско царство во 476 година, Торино го освоиле Готите, потоа Лонгобардите и на крај Франките, кои основале своја провинција во 7 век. Царот Фридрих 2-ри Торино го доделил како феудално сопствеништво на моќната фамилија Савоја.

Врвот во својот развиток Торино го достигнал во 17 и 18 век кога се дало акцент на уметноста и кулурата. Градот станал средиште на барокот како уметност и архитектура.

Во 1861 год. дошло до соединување на Италија во единствена држава. Торино бил прв главен град во Италијанската држава. Тоа траело од 1861 до 1864 кога престолнината била пренесена во Рим. По ова Торино започнал на стагнира во развојот, а тоа особено се забележува во архитектурата. Градот започнува да станува индустриски центар. Се раѓа Фиат и други слични фабрики.

Население[уреди]

Во 2008 година во Торино имало над 900.000 жители, двојно повеќе отколку на почетокот на 20ти век, но 20% помалку отколку во 1970г. Во овој град денес се доселиле голем број имигранти од сите краеви на светот. Овој град има огромно градско подрачје со околу 1,7 милиони жители. Метрополитското подрачје на градот има околу 2,5 милиони жители.

Градски знаменитости[уреди]

Денес, една од главните одлики на Торино е неговата барокна архитектура. Тука се и многубројните историски кафулиња, продавници за чоколади со висок квалитет, големи цркви и многу музеи, меѓу кои и музеите: Музео Егицио (египетски музеј), Музео дел чинема и други.

Индустрија[уреди]

Торино е важен индустриски центар, пред сè благодарение на тоа што тука се наоѓа седиштето на светско познатата автомобилска компанија Фиат.

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. ‘City’ population (i.e. that of the comune or municipality) from demopgrahic balance: Januray-April 2009, ISTAT.

Надворешни врски[уреди]