Википедија:Вашата прва статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е страница за помош на македонската Википедија.
Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори.
Кратенки:
ВП:ВПС

Добре дојдовте на Википедија! Ова е водич за некои работи кои треба да ги знаете пред да ја создадете Вашата прва енциклопедиска статија. Ние ќе објасниме што е ОК, а што НЕ при пишувањето на една статија, а потоа ќе Ви покажеме како да ја создадете Вашата статија. Еве ви неколку попатни совети:

  1. Мора да сте зачленет корисник за да создадете нова статија. Анонимните (нерeгистрирани) корисници можат да побараат да им се создаде нова статија на страницата за помош за нови уредувачи. Можете да се зачлените овде, а да прочитате повеќе за зачленувањето овде.
  2. Обидете се да ги уредувате веќе постоечките статии за да го почувствувате стилот на пишување и јазикот за форматирање на текстот кој Википедија го користи. При рака можете да ја имате помошнава табела со најосновните команди за форматирање.
  3. Најпрво пребарајте ја Википедија за да се осигурате дека статијата за темата моментално не постои (можеби под некој друг наслов). Ако статијата веќе постои, слободно правете конструктивни уредувања кои сметате дека се потребни.
  4. Собирајте користена литература (наводи) која ќе ја користите и како извор(и) за Вашите информации и како доказ за значајноста на темата (зошто таа заслужува сопствена енциклопедиска статија);
  5. Размислете најпрво за создавање на статијата во Вашиот именски простор. Како зачленет корисник имате право на сопствен кориснички простор. Можете да ја започнете новата статија таму, во нова потстраница (како за пример, следете ја врскава: Специјални:МојаСтраница/ТестСтатија и овде создадете ја Вашата експериментална статија). Овде можете да ја оформите, да си земете доволно време и да побарате од други уредувачи помош за работење врз неа, а потоа само да ја преместите „во живо“ на Википедија кога таа е спремна.
Запомнете дека статијата која ќе ја создадете ќе биде брзо избришана ако е неприфатлива. Волонтерите на Википедија ги патролираат новосоздадените статии веднаш по нивното зачувување.
  • Статии кои не ја докажуваат својата значајност преку наведување на веродостојни објавени извори имаат голема шанса да бидат избришани.
  • Не создавајте страници за себеси, Вашата компанија, Вашиот бенд или Вашите пријатели (вистински или измислени!), страници кои рекламираат (спам), лични есеи, буквални копии на проектни задачи, лични истражувања или други статии кои не би ги пронашле во една енциклопедија.
  • Бидете внимателни за следново: копирање на текстови од други места (=плагијаторство), контроверзен материјал, екстремно кратки статии (на пример, само 1 реченица) и статии од локален интерес.

Пребарајте за веќе постоечка статија

Википедија веќе има многу статии. Пред да создадете статија, проверете да не постои веќе статија на истата тема, но со малку различно име (овде можете да проверите), а запознајте се и со конвенциите за именување на Википедија. Ако постои статија на Вашата тема, но мислите дека луѓето полесно би ја наоѓале под различен наслов, научете како да додадете пренасочување со тоа име; додавањето на пренасочувања е добар начин да се помогне на Википедија.

Ако пребарувањето не даде резултати за Вашата статија, размислете за проширување на Вашето пребарување кон постоечки статии кои можат да ја содржат темата на Вашата статија. На пример, ако сакате да напишете статија за член на некоја музичка група, можете да пребарате за статијата на музичката група и тогаш да ги додадете информациите за Вашата тема кон таа поширока статија.

Собирање на извори

Собирајте извори за информациите во Вашата статија. За да биде една тема заслужна за сопствена енциклопедиска статија, таа треба да биде доволно значајна, а таа значајност мора да биде проверлива преку наводи до веродостојни извори.

Овие извори мора да бидат веродостојни, то ест, тие мора да бидат извори кои произлегуваат од под некаква форма на уредничка контрола. Печатените извори (и семрежните верзии на тие извори) се најчесто најверодостојни, иако и многу извори кои се само ограничени на семрежјето се исто така веродостојни. Некои примери вклучуваат (но не се ограничени само на): книги издадени од големи издавачки куќи, весници, магазини, рецензирани школарски журнали, веб-места од било кое од горенаведените, а и други веб-места кои ги задоволуваат истите основни критериуми како било кој печатен извор.

Општо, извори БЕЗ контрола од уредници се општо неверодостојни. Овде се вклучуваат (но не се ограничени само на): блогови, мрежни форуми, обожавателски мрежни места, книги издадени од непроверени издаваштва и други слични извори. Општо, ако секој може да објави информација без никој друг да ја проверува и рецензира таа информација, тогаш тој извор е најверојатно неверодостоен.

Едноставно кажано, ако има веродостојни извори со доволно информации за да се пишува на одредена тема, тогаш таа тема е значајна и тие извори можат да ги верифицираат информациите во статијата на Википедија. Ако не можете да најдете веродостојни извори (весници, книги, журнали) кои овозможуваат информации за статија, тогаш темата не е значајна или проверлива и како таква со сигурност ќе биде избришана. Затоа Вашата прва работа е да пронајдете наводи.

Откако ќе пронајдете наводи за Вашата статија, можете да научите како да ги поставувате наводите во статиите преку читање на Википедија:Наведување на извори. Но, не грижете се премногу за нивното правилно форматирање. Би било супер доколку го направите тоа, но главната работа е да ставите наводи во статијата, дури и ако не се добро форматирани.

Што да одбегнувате

Статии за себеси, за пријатели, Вашето мрежно место, бендот во кој членувате, Вашата учителка, зборчето што сте го измислиле или приказната која сте ја напишале
Aко вие сте значајни за вклучување во една енциклопедија, дозволете некој друг да додаде статија за Вас. Вметнувањето на Вашите пријатели во една енциклопедија може да изгледа како интересно изненадување или добра шега, но ваквите статии најверојатно ќе бидат отстранети. Во овој процес, нечии емоции можат да бидат повредени и можете да бидете блокирани од уредување ако континуирано правите обиди да ја одново создадете статијата. Овие работи можат да бидат лесно избегнати со употреба на малку здрав разум од Ваша страна.
Незначајни теми
Луѓето честопати додаваат страници на Википедија без да размислат дали темата е навистина доволно значајна за да влезе во една енциклопедија. Бидејќи Википедија нема просторни ограничености во споредба со конвенционалните печатени енциклопедии, нашите принципи и напатствија за значајност дозволуваат постоење на широк опсег на статии. Сепак, тие не дозволуваат секоја тема да биде вклучена. Доста чест специјален случај на ова се страниците за луѓе, компании или групи на луѓе кои не ја докажуваат значајноста или важноста на нивната тема. Затоа имаме одлучено ваквите страници да бидат брзо избришани под нашите критериуми за брзо бришење. Ова може да биде навредливо — затоа Ве молиме размислете дали Вашата избрана тема е доволно значајна за Википедија, или докажете ја значајноста или важноста на темата на Вашата статија ако сметате дека не е доволно позната или значајна. Википедија не е база на податоци на сè што постои на светот.
Рекламирање/Спам
Ве молиме не обидувајте се да го промовирате Вашиот бизнис или производ. Ве молиме не внесувајте надворешни врски до Вашето комерцијално мрежно место освен ако некоја друга неутрална страна не процени дека врската навистина припаѓа во статијата; ние имаме статии за производи како цигарите Данхил или за значајни бизниси како Интел, но ако пишувате за некој производ или бизнис, тогаш пишувајте од неутрална гледна точка, немајте конфликт на интереси со тоа што сте директно поврзани со производот или бизнисот и бидете сигурни дека можете да најдете наводи во веродостојни извори кои се независни од темата за која пишувате.
Лични есеи или оригинални истражувања
Википедија го опфаќа постоечкото човеково знаење; таа не е место за издавање на нови дела. Не пишувајте статии кои ги презентираат Вашите оригинални теории, мислења или увиди дури и ако можете да ги поддржите со навод до некое потврдено дело. Честа грешка е да се прикаже нова синтеза на идеи во една статија. Запомнете: само затоа што и Факт А и Факт Б се точни, не значи дека А го предизвикало Б или обратно. Ако ова е точно, тогаш веродостојни извори ќе ја покажат врската и вие треба да ги наведете тие извори.
Единствена реченица или само врска до мрежно место
Статиите треба да имаат своја сопствена содржина.

Како да создадете страница

Само најавени корисници можат да создадат статија. Ако имате напишано статија, но немате корисничка сметка, можете да побарате Вашата статија да биде создадена на страницата за помош за нови корисници.

Во кутијата за пребарување подолу внесете го името на Вашата статија и стиснете „Оди“. Користете кирилица! Ако страница за пребарување Ви репортира дека „Не постои страница со таков наслов“, тогаш стиснете на црвената врска „Создадете ја страницата“ за да почнете да ја уредувате Вашата статија.

Првата работа што треба да ја напишете во Вашата статија е список на извори за Вашите информации. За сега, само внесете ги вака (и тие автоматски ќе бидат претворени во врски):

(1) http://www.nytimes.com/2007/04/12/books/12vonnegut.html
(2) http://www-03.ibm.com/ibm/history/exhibits/space/space_shuttle.html

Подоцна ќе научите да ги форматирате за да се прикажуваат како фусноти.

Ако знаете дека ќе Ви требаа неколку уредувања за правилно да ги наведете наводите, ставете ја предлошката {{во изработка}} на врвот од страницата за да знаат другите уредувачи дека работите на неа. Уште подобро е да ја создадете статијата во потстраница на Вашата корисничка страница, полека развијте ја во добра статија, а потоа само преместете ја во страницата под наслов за статијата во именскиот простор за статии. Можете да создадете своја сопствена страница за вежбање преку кликнување на оваа врска.

Откако го ќе го внесете текстот на статијата, стиснете „Прикажи преглед“ за да проверите дали имате грешки, а потоа стиснете „Зачувај страница“.

Дали е нова?
Внесете го насловот, а потоа стиснете „Оди (пробај наслов)“

Потоа што?

Сега откако ја создадовте страницата, сè уште постојат неколку работи кои можете да ги направите.

Продолжете да правете подобрувања

Википедија не е завршена. Општо, статијата не е ниту близу до завршена во моментот кога е создадена. Претстои долг пат пред неа. Всушност, ѝ требаат само неколку уредувања за да го почне тој пат.

Ако имате многу интерес во статијата која штотуку ја создадовте, можете да научите многу за неа во иднината, и со тоа, да имате повеќе да додадете. Ова може да биде додадено денес, утре или неколку месеци од сега. Во било кое време, само напред!

Подобрете го форматирањето

За да ја форматирате Вашата статија правилно (и да ја проширите, дури и да ја направите избрана!), видете ги следниве врски:

Другите можат слободно да придонесуваат кон статијата откако таа е зачувана. Создавачот нема специјални права за контролирање на претходната содржина. Откако ќе ја создадете статијата, не можете да кажете дека таа е ВАША СТАТИЈА. Напротив, таа, како и целата содржина на Википедија, е слободна и припаѓа секому. Затоа секој може да ја изменува. Немојте да бидете фрустрирани или навредени за начинот на кој останатите ги изменуваат или отстрануваат Вашите придонеси.