Википедија:Песок

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Д Р О Г А

    Дрога
   Супстанција од растително и синтетичко потекло која внесена во организмот предизвикува зависност односно врши промени на расположението, перцепцијата на свеста, менталната активност и психичката состојба.
   Наркоман е лице зависно од дрога.
   Наркоманија е состојба на периодично или хронично труење со некоја дрога.
  Дрогата во светот
   Иако епидемијата на употреба на дрога во втората половина на дваесетиот век не зафати повеќе од 5% од светското население постаро од 15 години, загрижува фактот дека таа е особено раширена кај младите и дека не е сопрена наспроти напорите на светската заедница. Се проценува дека во светот дрога употребуваат околу 208 милиони луѓе, или околу 4,8% од населението на возраст од 15-46 години. Во светот поради употреба на незаконити дроги годишно се губат 200 илјади животи, а поради пушењето тутун (супстанција што создава зависност и ја употребува 25% од населението во светот) годишно се губат 5 милиони животи.
   Дрогата во Македонија
   Според теоријата на Мартин лица кои употребуваат дрога имаат социјално девијантно растројство што се карактеризира со импулсивност, незрелост, егоцентричност, хипофорија и зголемени барања. Истражувањето на Грунд и Нолимал во 1995 година укажаа дека употребата на хероин во Македонија добива епидемиски размери и дека може да биде една од причините за ширење не епидемја на ХИВ / ЕЈДС. Во третиот милениум Македонија влезе со неколку илјади лица со здравствени и социјални проблеми предизвикани со употреба на хероин, со над десетина илјади лица што употребуваат канабис и со се позачестена употреба на анфетамини, екстази и кокаин. Во Европа годишно просечно умираат 7000-8000 лица од фатално труење со дрога.
         Број на умирања поради предозирање со дрога во Македонија (1997-2007)

Година 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 Број на Предозирање 7 9 21 24 30 23 33 13 13 14 15 18

   Видови на дроги кои се употребуваат во Р. Македонија
   Канабис
   Лице под дејство на канабис е релаксирано, среќно, пријателски расположено и спонтано се смее. Некој лица се сонливи. Се засилува перцепцијата на бои и звуци и може да дојде до оштетување на гледањето и прецепцијата на време и простор. Канабисот ги оштетува координацијата и рамнотежата, исто така канабисот ги оштетува мислењето и помнињето. Непосреден ефект на канабисот е забрзана работа на срцето, намалување на крвниот притисок, несвестица и зацрвенет склери. Наглото прекинување на внес на употреба на канабисот предизвикува апстиненцијална криза. Се јавуваат тешкотии во спиењето, раздразливост, загуба на апетитот, слабеење, нервозност, анксиозност, агитација, хиперактивност, потење и стомачни тегоби.
   Амфетамини и Екстази
   Лицето под дејство на амфетамини чувствува зголемена енергија и будност.Може да се јават панични атаки, анксиозност, раздразливост, непријателство и агресивност. Истите во  поголеми количини предизвикуваат амфетаминска психоза со параноидни налудничави мисли, халуцинации и агресивно или насилничко однесување. Амфетаминската апстиненцијална криза се карактеризира со чувство на глад, крајна исцрпенист, анксиозност, раздразливост и депресија. Сонот  може да биде прекинат со страшни соништа.
   Кокаин
   Набргу по внесувањето кокаин, покрај пријатните чувства на зголемена физичка сила и ментални способности, можат да се јават анксиозност, глад, паника, сексуална возбуда, и непредвидливо и насилничко однесување. При вдишување на кокаин, овие дејства се најизразени по 15-30 минути и потоа се губат. Доколку во рок од неколку часа се внесе поголемо количество на кокаин може да настапат екстремен немир, аксиозност, параноја, халуцинации, вртоглавица, непредвидливо и насилничко однесување, губење и концентрацијата и координацијата, губење на интересот за секс, болки околу срцето, инфаркт, параноидна психоза и забрзано и плитко дишење. Кокаинската апстиненцијална криза настапува нагло и има 3 фази. Во првата фаза ( „ Crash” ) што трае два до четири дена, лицето е вознемирено, депримирано, исцрпено и има интензивна потреба од дрога. Втората фаза може да трае до 10 недели и се карактеризира со депресија, немање енергија, анксиозност, интензивна жед за дрогаи изливи на лутина и бес. Третата фаза може да трае неопределено време и се карактеризира со налети на интензивна жед за дрога, што можат да се јават повеќе месеци и години по престанувањето на земањето дрога.
   Хероин
   Лицата кои се зависни од хероин обично се повлечени и скриени од околината. Меѓутоа кога ке престане дејството на дрогата и кога ке се појават знаци на апстиненцијална криза, се јавуваат промени во нивното однесување што можат да бидат сложени во зависност од структурата на личноста, постоењето на паралелна соматска или душевна болест или мозочно оштетување. Субјективните ( жед за дрога) или објективните ( повраќање или болки во нозете) што се јавуваат во оваа криза најчесто условуваат интензивно барање дрога и нејзина повторна употреба. Раните знаци за апстиненцијалната криза при преќинување на внес на хероин се јавуваат 8-12 по преќинувањето на неговото внесување, а врв достигнуваат за 48-72 часа (раздразливост, несоница, солзење, пролив, болки во потколениците, ежење, зевање и потиштеност) .
   Физички изглед на зависник од дрога
     Лицата којшто користат дрога честопати се дружат со лица којшто се како нив. Тие позајмуваат пари за да купат дрога, а кога немаат крадат, напаѓаат луѓе, продавници, банки и слично. Изостануваат од училиште, се однесуваат непослушно, агресивно, расеани се, заборавни се интровертни и неконтактибилни. Кај нив спиењето е нарушено т.е. кога другите стануваат тие легнуваат. Сакаат да конзумираат благо кафе, чоколадо, и други слатки. Нивниот физички изглед за кратко време драстично се менува, имаат подуени, влажни очи, а зениците им се широко отворени поради што носат темни очила. Поради ваквото нешто многу лесно се препознаваат дека се корисници на дрога. 
      Врз основа на сето ова може да се заклучи дека лицата што користат дрога живеат тешко односно ден за ден. Во нивниот свет се се движи само во насока на наоѓање дрога. Најчесто кон дрога прибегнуваат лица кои се разочарани од животот поради сиромаштија, лица кои потекнуваат од асоцијални семејства, деца на разведени родители но и поради љубопитност. 
   Препорака и превенција
   Многу е важно навремено да се обрне внимание на овој проблем и затоа е потребно да се биде добро информиран – како родителите така и учениците и наставниците. Тоа значи дека родителите и училиштата треба редовно да ги советуваат учениците за опасностисте од користењето на дрога и нејзините последици. Медиумите (весниците и телевизиите), исто така треба редовно да зборуваат за дрогата. Брзиот пораст на лица кои употребуваат дрога и првите случаи на ХИВ / ЕЈДС во Македонија придонесоа на РМ во 1997 година да формира државна интерресорска комисија за борба против дрога и национално тело за превентива на ХИВ / ЕЈДС.  Во рамките на психијатриската служба се пристапи кон создавање на програма за лекување со метадон  и во деведесеттите години било отворено одделение за лекување на болести на зависност од дрога.Во Македонија во 2000 година се регистрирани вкупно болнички лекувани 363 наркомани од кои 325 се мажи а 38 се жени, но се смета дека нивниот број е десет пати поголем. Во текот на 2006 и 2007 година  во Скопје и во неколку градови во земјава се отворени пет институции за лекување и превентива на употреба на дрога. Меѓународните институции за борба против дрогата со заеднички напори и меѓусебна соработка се обидуваат да ги прекинат синџирите на транспорт на дрога.
Пред конзумирање – по конзумирање

                                                                 ИЗРАБОТИЛ
                                                                  Александар Поповски I-7
                                                                  СУГС Гимназија „ Никола Карев“
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник