Википедија:ВикиПроект

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
ВикиПроекти

ВикиПроект е група на уредувачи кои сакаат да работат заедно како тим и имаат за цел подобрување на содржините на Википедија. Овие групи на корисници најчесто се фокусираат на страници поврзани со определена тема (пример теми од областа на историјата, археологијата, математиката) или пак се фокусираат на некоја специјална задача (пример проверка на новосоздадените страници).

ВикиПроектите не се место каде директно се пишуваат енциклопедиски статии, туку ресурс кој помага при координацијата и организацијата на пишување и уредување на овие статии. Проектите најчесто дефинираат препораки за уредувачите, начинот на користење на бот, следење на развојот на статиите кои се од интерес на групата, водење на список на алатки и шаблони кои се употребуваат во проектот. Страницата за разговор на проектот претставува форум за учесниците во тој проект каде разговараат за остварување на нивните цели, одговор на прашања, препораки до заинтересираните и сл.

Добре дојдени се нови членови во проектите, слободно приклучете се на било кој за кој сте заинтересирани!

Создавањето на ВикиПроект е процес кој започнува со создавање на група на учесници кои сакаат да работат заедно. Пред да започнете некој нов проект, запознајте се со веќе постоечките, за да дознаете на кој начин функционираат во пракса.

На македонската Википедија постојат следниве ВикиПроекти:


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици