Ревизија на избрани статии
|
|
[уреди] Што е тоа „ревизија на избрани статии“
Ревизија на избраните статии е постапка со која се утврдува дали статиите кои се избрани, сè уште ги исполнуваат критериумите за избрана статија. Доколку се заклучи дека некоја статија не исполнува поголем дел од критериумите за избрана, истата се додава во списокот на поранешни избрани статии.
[уреди] Како статиите се ревидираат?
Статиите се избираат преку нивно предложување и гласање.
[уреди] Како да гласам за одреден предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{воздржан}} ( ) или {{против}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Тековните предлози за гласање се наведени овде. Тие се со задебелени букви (минатите предлози за кои завршило гласањето се со закосени букви). За да гласате, на името на статијата. Ова ќе Ве одведе до страницата каде што се води дискусијата за нејзино избирање.
Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина не исполнува поголем дел од критериумите за избрана статија.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде ревидирана, доколку така одлучи заедницата(Видете Википедија:Игнорирајте ги сите правила).
[уреди] Како и јас да дадам предлог за ревизија на избрана статија?
- Заменете го
ИМЕНАСТАТИЈА со името на статијата, која сакате да ја предложите.
- Уредете ја страницата која ќе излезе и следете ги генерираните упатства за да ја пополните кандидатурата. Зачувајте ја страницата.
{{Википедија:Ревизија на избрани статии/ИМЕНАСТАТИЈА}}
Во следната секција со наслов „Нови предлози“, кликнете на [уреди] и вметнете го само името на статијата што сакате да биде дел од избраните статии со [[врска]] до истата и Ваш потпис (--~~~~). Врската и потписот ставете ги по следниот слободен знак тараба (#). По номинацијата, некој од одговорните уредници ќе го додаде предлогот во листата на тековни номинации (во секцијата „Тековни номинации“). Ако статијата е ревидирана, тогаш таа ќе биде додадела на страницата за ревидирани статии за соодветната година.
[уреди] Нови предлози
[уреди] Тековни номинации
[уреди] Поврзано
|
|