Џорџо Вазари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џорџо Вазари

Автопортрет
Националност Италијанец
Образование Андреа дел Сарто
Познат(а) по сликарство, архитектура
Движење ренесанса

Џорџо Вазари (италијански: Giorgio Vasari; (30 јули, 151127 јуни, 1574) — италијански сликар и архитект, денес познат по неговите биографии на италијански уметници со кои тој се смета за основоположник на историјата на уметноста.

Биографија[уреди]

Вазари е роден во Арецо, Тоскана. Уште на рана возраст, неговиот братучед Лука Сињорели го препорачува како ученик на Џуљелмо да Марзиља, вешт сликар на витражи. На шеснаесет годишна возраст, кардиналот Силвио Пасерини го праќа во Фиренца, и таму Вазари му се приклучува на кругот на Андреа дел Сарто и неговите ученици Росо Фјорентино и Јакопо Понтормо каде се стекнува со хуманистичка наобразба. Таму се спријателува со Микеланџело, чиј стил на сликање извршува влијание врз сопствениот.

Ентериер на Дуомо во Фиренца

Во 1529 Вазари оди во Рим и таму ги проучува делата на Рафаел и други припадници на високата ренесанса во Рим. Vasari's own маниристички слики биле повеќе ценети и обожувани додека бил жив, отколку по смртта. Негов постојан работодавач и покровители било семејството Медичи во Фиренца и Рим, а работел и во Неапол, Арецо и други места. Голем дел од неговите слики постојат и денес, од кои најважните се ѕидните и таванските живописи во големата Сала на Козимо I во Палацо Векјо во Фиренца, каде Вазари со неговата тајфа работеле од 1555, како и неговите незавршени фрески во внатрешноста на огромната купола на Дуомо, довршени од Федерико Цукари со помош од Џовани Балдучи. Помагал и при организацијата на украсувањето на т.н. „Студиоло“, кое денес стои ремонтирано во Палацо Векјо.

Вазари веројатно бил поуспешен како архитект, отколку како сликар. Неговата лоџија на крајот на долгиот и тесен внатрешен двор во палатата Уфици отвора интересна глетка, што претставува уникатно урбанистичко дело кое функционера како јавен плоштад, и ако ја сметаме за кратка улица, претставува уникатен ренесансен сокак со складен и обединет архитектонски третман. Во Фиренца, Вазари изградил и долг премин кој го поврзува Уфици со палацо Пити, преку аркадирање низ мостот Понте Векјо, денес наречен Вазариев коридор во негова чест. Ја реновирал и убавите средновековни цркви Санта Марија Новела и Санта Кроче, каде во обете цркви ги отстранил лекториумите и подтаваните, и го преуредил задхорниот дел во тогашниот маниристички стил.

во Рим, вазари соработувал со Јакопо Бароци да Вињола и Бартоломео Аманати во вилата Џулија на папата Јулиј III.

Во текот на својот живот Вазари уживал високо реноме и насобрал големо богатство. Во 1547, за себеси изградил убава куќа во Арецо (денес музеј во негова чест), каде ги украсил ѕидовите и сводовите со слики. Таму бил избран за член на општинскиот совет на Арецо, а подоцна успеал да се издигне до највисоката функција на гонфалониер.

Во 1563, бил еден од основачите на Цртачката академија во Фиренца на чело со великиот војвода и Микеланџело и членство од 36 избрани уметници.

Вазари умрел во Фиренца на 27 јуни, 1574.

„Животите“[уреди]

насловна страна на „Животите“

Како првиот италијански историчар на уметноста, Вазари започнал жанр на енциклопедија на уметнички биографии кој продолжува да живее до денес. Токму Вазари е авторот на поимот „Ренесанса“ (rinascita), иако за постоењето на уметничка преродба постоела свест уште од времето на Леоне Батиста Алберти. Неговото дело „Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти“ (Le Vite delle più eccellenti pittori, scultori, ed architettori) — посветено на великиот војвода Козимо I де Медичи — за прв пат било објавено во 1550. Во него се содржела и драгоцена расправа за техничките методи кои се користат во уметноста. Во 1568, делото било делумно изменето и дополнето, а биле додадени и гравури со портрети на уметниците (некои претпоставени).

Делото се одликува со постојана и ноторна пристрасност во полза на уметниците од Фиренца, на кои Вазари им ги припишува сите усовршувања во ренесансната уметност (како на пример, пронаоѓањето на гравурата). Во првото издание особено и систематски е запоставена венецијанската уметност (заедно со уметноста на другите европски земји). Во периодот помеѓу двете изданија, Вазари ја посетил Венеција, по што тој донекаде омекнал (најпосле вклучувајќи го и Тицијан), но дури и тогаш, во второто издание тој не постигнал неутрално гледиште.

Вазариевите биографии се прошарани со забавни озборувања. Многу од анегдотите личат на вистинити, додека други се измислици. Меѓутоа, само со неколку исклучоци, естетското расудување на делото е остроумно и без пристрасност. При создавањето на делото, Вазари не трагал по точни датуми, како што би направиле денешните историчари на уметноста, и затоа неговите биографии се потпираат на сликарите од неговата генерација и оние веднаш зад нив. Современата критика, користејќи се со нови материјали за истражување, има исправено голем дел од погрешните години, датуми и припишувања. Делото сепак останува класика, иако задолжително мора да се дополни со современа критичка работа.

На крајот на книгата, Вазари дава краток преглед и на сопствената биографија, и додава други подробности за себеси и семејството во животите на Лаѕаро Вазари и Франческо Салвијати.

Наводи[уреди]

Кастрирањето на Уран“: фреска од Вазари и Кристофано Герарди (~ 1560, Сала на Козимо I, Палацо Векјо, Фиренца).

 Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост„“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.

Надворешни врски[уреди]