Папа Јулиј III
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Iulius III | |
|---|---|
| Родено име | Џовани Марија Чоки дел Монте |
| Папа од | 7 февруари 1550 |
| Папа до | 23 март 1555 |
| Претходник | Папа Павле III |
| Наследник | Папа Марцелиј II |
| Роден | 10 септември 1487 Рим |
| Починал | 23 март 1555 ? |
| Други папи по име Јулиј (појаснување) | |
Папа Јулиј III (лат. Iulius PP. III)(10 септември 1487 - 23 март 1555) бил римски папа од 7 февруари 1550 до 23 март 1555. Бил назнанчен за кардинал, а и за претседател на Тридентскиот собор од страна на папата Павле III. Почетокот на неговото папство не се одликувало со спроведување на реформи. Тој ја обновил традицијата за празнување на празниците и одржување на карневали во Рим. Ги назначил за кардинали, не само оние кои му биле роднини, туку и оние кои му служеле. Во 1551, сакал да го возобнови заседанието на Тридентскиот собор. Водел политика да го воведе католицизмот во Англија, но сето тоа завршило без успех. Во 1551, капелмајстор во папскиот двор станал композиторот Џовани Перлуиџи Палестрина (1525-1594), познат претставник од периодот на ренесансата.
- Родени на 10 септември 1487
- Родени во септември 1487
- Родени во 1487 година
- Починати на 23 март 1555
- Починати во март 1555
- Починати во 1555 година
- Никулци за папи
- Родени во 1478 година
- Папи од ренесансата
- Епископи на Павија
- Папи
- Италијански папи
- Римокатолички архиепископи од 16 век
- Луѓе од средновековен Рим
- Италијанци од 15 век
- Италијанци од 16 век