Папа Бенедикт XVI
| Бенедикт XVI | |
|---|---|
| Родено име | Јозеф Алојз Рацингер |
| Папа од | 19 април 2005 |
| Папа до | Во служба |
| Претходник | Јован Павле II |
| Наследник | Во служба |
| Роден | 16 април 1927 Марктл, Баварија, Германија |
| Други папи по име Бенедикт | |
Бенедикт XVI, вистинско име Јозеф Рацингер е тековен папа на Римокатоличката црква.
Содржина |
[уреди] Јозеф Рацингер
Јозеф Рацингер е роден на 18 април 1927 година во германската покраина Баварија. Свештеник станал во 1951 година, а во 1977 година е именуван за архиепископ (надбискуп) на Минхен.
Во 1981 година е поставен за раководител на влијателната Конгрегација за верска доктрина, која реформските кругови во Католичката црква ја оценуваат како наследник на Светата инквизиција.
Рацингер, кого го нарекуваа „панцер кардинал“ и „божји ротвајлер“, е противник на идеите за жени-свештеници, на хомосексуалноста, на употребата на контрaцепција и на комунизмот. Тој е и еден од противниците на зачленувањето на муслиманската Турција во ЕУ.
Контарверзниот дел од неговата биографија го опфаќа период на Втората светска војна, кога Рацингер бил член на Хитлеровата младина, подмладок на Национал-социјалистичката германска работничка партија и припадник на единиците на противвоздушната одбрана на Вермахтот.
Рацингер, кој важи за припадник на конзервативното крило на Католичката црква, во октомври 2004 година изјавил дека Црквата треба да остане „подалеку од народните маси, бидејќи колку што им е поблизу, станува сè поповршна“.
[уреди] Бенедикт XVI
Папата Бенедикт, во спротивно со верувањето на многу луѓе сепак не го зема името Јован Павле III, туку се одлучи за Бенедикт. Тој го започна своето владение како Папа на 19 април 2004. Досега се покажа како помек оттколку што се претпоставуваше и покажа голема толерантност кон современите предизвици со кои се соочува црквата.
На 12 септември 2006 година во текот на едно свое предавање во Германија цитираше остра критика на исламот и на пророкот Мухамед напишана во 14-от век од византискиот цар Мануел Втори Палеолог: „Покажете ми што ново донел Мухамед и ќе видите само зли и нечовечни работи, како неговата наредба со меч да се шири верата што ја проповеда“. Неговиот настап предизвика остри критики од муслиманскиот свет.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Папа Бенедикт XVI“ |
- Deus Caritas Est – encyclical God is Love (на Англиски)
- Vatican: the Holy See – Официјалната страница на Ватикан
- The Holy See - The Holy Father - Benedict XVI – Официјалната страница на папата
- Официјална адреса за е-пошта: [1]