19 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Април 2014 19 април е 109-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (110-и во престапна година). Остануваат 256 денови до крајот на годината.

Настани:

1587  Англискиот адмирал Френсис Дрејк ја потопува шпанската флота кај Кадиз.
1775  Во Масачусетс, започнува американската војна за независност од Велика Британија.
1839  Со Лондонскиот договор, се формира кралството Белгија, а потврдена е и независноста на големото војводство Луксембург.
1909  Јованка Орлеанка е прогласена за светица.
1943  Втора светска војна: Започнува неуспешно востание против нацистичката окупација во варшавското гето.
1945  Втора светска војна: Американските војници го зазедоа германскиот град Лајпциг.
1956  Склучен е бракот помеѓу американската актерка Грејс Кели и моначкиот кнез Рение III.
1961  Американската инвазија на Заливот на Свињите, во Куба, завршува со неуспех.
1971  СССР ја лансира вселенската станицаСаљут“ во орбитата околу Земјата.
1993  Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија.
1995  Бомбардирана е федералната зграда на Оклахома Сити (Оклахома, САД). 168 мртви.
1997  Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално-демократската партија.
1999  Германското собрание се враќа во Берлин.
2000  Боинг 737 на Air Phillipines се урива на аеродромот во Давао, убивајќи 131 лице.
2005  Јозеф Рацингер е избран за папа Бенедикт XVI.

Родени:

1772  Давид Рикардо — англиски економист, еден од највлијателните во историјата
1940  Сиднеј Посеуло — бразилски истражувач
1946  Фарук Нафиз Озак — турски политичар
1947  Мари Пераја — американски пијанист
1951  Ванчо Петрушевски — македонски глумец.
1956  Волен Сидеров — бугарски политичар
1964  Ванчо Ѓорѓиев — македонски историчар
1979  Кејт Хадсон — американска актерка
1986  Кендис Паркер — американска кошаркарка
1987  Марија Шарапова — руска тенисерка
1989  Ху Мингхај — кинески кајакар.

Починале:

1588  Паоло Веронезевенецијански маниристички сликар
1768  Џовани Антонио Канал (попознат како Каналето) — венецијански сликар
1824  Џорџ Гордон Бајрон — славен англиски поет од времето на романтизмот.
1882  Чарлс Дарвин — британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества.
1906  Пјер Кири — француски физичар и хемичар, нобелов лауерат.
1936  Антон Костадинов — македонски револуционер.
1989  Дафне ди Марие — англиска писателка


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември