Папа Адријан I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Hadrianus I
Charlemagne and Pope Adrian I.jpg
Родено име Адријан I
Папа од 1 февруари 772
Папа до 25 декември 795
Претходник Папа Стефан III
Наследник Папа Лав III
Роден  ?
Рим
Починал 25 декември 795
?
Други папи по име Адријан (појаснување)

Папа Адријан I (лат. Hadrianus PP. I)(? - 25 декември 795) бил римски папа од 1 февруари 772 до 25 декември 795.

Поддршка на политиката на Карло Велики[уреди]

Потекнувал од римското благородништво. Водел профранкиска политика. По седнувањето на престолот на Карло Велики, тој го повикал него во борба против Лангобардите. Во 774, тој на Карло му ја доделил титулата патриција. Карло Велики ја продолжил адрежливоста на Пипин Малиот, меѓутоа создал Папска област, само за време на својата посета на Рим во 781. Новосоздадената територија го вклучувала Лацио, Равенската егзархија, Пентапол и Сабина, но Карло не му го дал ни Милано, ни војводството Сполето.

Духовна власт[уреди]

По третиот поход на Карло во Италија, во 787, папата Адријан го проширил своето владеење за сметка на Беневентското војводство. Тој започнал да го искористува својот духовен авторитет во борбата со противниците на Карло. Меѓутоа како резултат на тоа, во решавањето на религиозните прашање, се покажало дека папата е зависен од кралот.

Во 785, Адријан влегол во спор против иконоборството, испраќајќи порака до Цариград. легати на папата присуствувале на Седмиот вселенски собор, одржан во Никеја(787), подржувајќи го иконопочитувањето. Теолози на Карло Велики воделе борба против адпоцианството, без во тоа да учествува и папата Адријан.

Епитафот на папата Адријан, во базиликата Свети Петар го напишал Алкуин.

Надворешни врски[уреди]

Emblem of the Papacy SE.svg Оваа статија поврзана со папа е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!