Папа Никола V
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Никола V Nicolaus V |
|
|---|---|
| Родено име | Томазо Парентучели |
| Папа од | 6 март 1447 |
| Папа до | 24 март 1455 |
| Претходник | Папа Евгение IV |
| Наследник | Папа Каликстиј III |
| Роден | 15 ноември 1397 Сарцана, Лигурија, Италија |
| Починал | 24 март 1455 Рим |
| Други папи по име Никола (појаснување) | |
Папа Никола V (латински Nicolaus PP. V)(15 ноември 1397 - 24 март 1455) бил римски папа од 6 март 1447 до 24 март 1455. Во времето кога тој бил монах во Токсана, Никола бил помаган финансиски од страна на Козимо Медичи. Кога станал папа, неговиот финансиер го назначил за банкар во папството. Откако го зазел папскиот престол, се грижел да преовладува мир меѓу христијаните. Тој бил скромен човек, без големи амбиции, голем хуманист, кој се поклонувал на традицијата на антиката. Голема заслуга му се препишува за отворањето на Ватиканската библиотека, во која денес се наоѓаат многу значајни записи од класичната литература. Во негово време, Османлиите го освоиле Константинопол. Таа вест ја потресла цела Европа, а желбата на папата Никола V за организирање на нови крстоносни походи против Османлиската империја не наишла на подршка од страна на западноевропските монархии.