24 март

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Март 2014 24 март е 83-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (84-и во престапна година). Остануваат 282 денови до крајот на годината.

Настани:

1783  Шпанија ја призна независноста на САД.
1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1923  Грција станува република.
1949  Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2.06.1953 година го носи денешното име - Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“.
1972  Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
1976  Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Изабела Перон.
1980  Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи.
1990  Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две ипол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
1993  Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
1997  Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - „Спасител '97“.
1997  Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1999  Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово.
1999  39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Мон Блан.

Родени:

1494  Георг Агрикола — германски научник.
1782  Орест Кипренски — руски уметник.
1820  Александар Бекерел — француски физичар.
1834  Вилијам Морис — англиски писател.
1848  Јован Атанацковиќ — српски генерал.
1870  Петар Кушев — македонски лекар.
1874  Хари Худини — американски илузионист.
1897  Вилхелм Рајх — австриски психоаналитичар.
1919  Ристо Ѓорѓевски — македонски психолог.
1921  Василиј Смислов — советски шахист.
1926  Дарио Фо — италијански писател.
1930  Стив Меквин — американски актер.
1937  Фејзи Бојку — македонски писател за деца.
1944  Воислав Коштуница — српски премиер.
1956  Стив Балмер — американски деловник.
1981  Адам Вилер — американски борач.
1984  Крис Бош — американски кошаркар.
1986  Наталија Дил — бразилска актерка.
1988  Клас Лодевик — белгиски велосипедист.

Починале:

1603  Елизабета I, англиска кралица
1905  Жил Верн, француски писател.
1946  Александар Александрович Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот.
1971  Арне Јакобсен, дански архитект.
1980  Оскар Ромеро, салвадорски надбискуп.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември