17 март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Март 2014 17 март е 76-иот ден во годината според григоријанскиот календар (77-и во престапна година). Остануваат 289 денови до крајот на годината.

Настани:

1891  Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
1947  Во Скопје е формирана првата Хирушката клиника во Македонија.
1958  САД од космодромот Кејп Каневерал во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит „ Вангард I“.
1963  При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе.
1969  Голда Меир, како прва жена во историјата на Израел ја презеде должноста премиер.
1992  Република Македонија и Република Словенија воспоставија дипломатски односи.
1998  Жу Ронгџи стана премиер на Кина.
2014  Властите на АР Крим објавуваат независност од Украина и доставуваат барање да станат федерална единица на Русија како Република Крим, притоа распишувајќи референдум кој завршува со огромна поддршка за предлогот.

Родени:

1834  Готлиб Вилхелм Дајмлер — германски инженер.
1921  Иван Несторовски — македонски геолог.
1936  Никола Нака — македонски градежен инженер.
1943  Газанфер Бајрам — македонски академски сликар.
1955  Гери Синис — американски актер и режисер.
1983  Раул Меирелеш — португалски фудбалер.
1985  Дарио Каталдо — италијански велосипедист.
1986  Един Џеко — босански фудбалер.
1993  Кума Бабакар — сенегалски фудбалер.

Починале:

180  Марко Аврелиј — римски цар и стоички филозоф.
1782  Даниел Бернули — швајцарски лекар, физичар и математичар.
1956  Ирена Жолио-Кири — ќерка на Пјер и Марија Кири.
1973  Перл Бак — американска писателка.
1976  Лукино Висконтииталијански филмски режисер и сценарист, еден од зачетниците на наореалистичката филмска школа.
1988  Валтер Ниг — швајцарски теолог.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември