21 март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Март 2014 21 март е 80-иот ден во годината според григоријанскиот календар (81-и во престапна година).

21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Северната Хемисфера, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Јужната Хемисфера.

Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак овен.

Остануваат 285 денови до крајот на годината.

Настани:

1413  Хенри V станува крал на Англија.
1829  Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе.
1884  Во Франција се легализирани синдикатите.
1918  Прва светска војна - Започнува втората битка на реката Сома.
1960  Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1963  Затворен е најозогласениот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија.
1977  Индиската премиерка Индира Ганди поднесе оставка на функцијата.
1990  Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
1998  Основана е Демократската алтернатива.
1999  Бертранд Пикард и Брајан Џонс стануваат првите кои го обиколиле светот во летечки балон.
2000  Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле II допатува во прва официјална посета на Израел.
2006  Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот.
2013  Џастин Велби устоличен како Архиепископ Кантербериски - поглавар на Англиканската црква.
2014  Крим влегува во состав на Руската Федерација како Република Крим, по референдумот од 16 март истата година, каде огромно мнозинство од народот искажало поддршка за отцепување од Украина и припојување кон Русија.

Родени:

1685  Јохан Себастијан Бах — германски композитор, еден од најголемите композитори во историјата на музиката.
1713  Франсис Левис — американски пејач.
1768  Жозеф Фурие — француски математичар и физичар .
1801  Марија Тереза од Тоскана — кралица на Сардинија.
1806  Бенито Хуарез — претседател на Мексико.
1817  Жозеф Пуларт — белгиски архитект.
1839  Модест Мусоргски — руски композитор.
1913  Иван Горан Ковачиќ — хрватски поет.
1931  Блаже Ристовски — македонски академик.
1935  Томас Шапкот — австралиски поет, романописец и драматург.
1942  Киро Донев — македонски писател за деца.
1949  Славој Жижек — словенечки марксистички философ.
1954  Ирфан Беќур — македонски поет.
1960  Ајртон Сена — еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“.
1961  Лотар Матеус — германски фудбалер.
1962  Метју Бродерик — американски актер.
1963  Роналд Куман — фудбалер и тренер.
1980  Роналдињо — бразилски фудбалер.
1988  Адријан Курек — полски велосипедист.
1991  Ника Пилиев — руски фудбалер.

Починале:

1556  Томас Кранмер — лидер на Англиската реформација.
1656  Џејмс Ушер — англиски надискуп.
1752  Никола Луј де Лакај — француски астроном.
1910  Надар — француски фотограф.
1915  Фредерик Тејлор — машински инженер.
1936  Александар Глазунов — руски композитор и диригент.
1987  Роберт Престон — американски актер.
1991  Ведат Далокај — турски архитект.
1994  Лили Дамите — француска актерка.
1994  Дак Рамбо — американски артист.
1998  Галина Уланова — руска балерина.

Празници:

Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември