Демократска алтернатива

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Демократска алтернатива
Демократска алтернатива
Лидер Васил Тупурковски
Основана Март 1998
Идеологија центризам
Политичка положба центар
Меѓународна припадност None
Европска припадност None
Европски парламент None
Бои боите на виножитото

Демократска алтернатива (ДА) била центристичка политичка партија во Македонија. Oснована e на 21 март 1998 од страна на Васил Тупурковски, поранешниот харизматски член на Претседателството на бивша Југославија.

Пред парламентарните избори во 1998 година ДА склучи предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и заедно со неа победи на изборите и формира влада, во која влезе, покрај овие две партии, и Демократската партија на Албанците. Периодот додека ДА беше во владата ќе остане познат по контроверзната одлука за признавање на Тајван како суверена држава, потег што според ДА требаше да ја извлече земјата од економската криза, но од кого не произлегоа никакви економски поволности.

На парламентарните избори во 2002 година, ДА освои 1,4% од гласовите и не освои мандати во Собранието. Денес партијата скоро и да нема политички ангажман.

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици