11 март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< март >>
Н П В С Ч П С
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

11 март е 70-иот ден во годината според григоријанскиот календар (71-и во престапна година). Остануваат 295 денови до крајот на годината.

Настани:

1913  Велика Британија и Германија постигнаа Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун.
1917  Британските трупи го зазедоа Багдад во Првата светска војна.
1938  Трупите на фашистичкиот Трет Рајх влегоа во Австрија.
1945  Во Македонија почнаа првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеја до 25 март, за прв пат гласаа и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.
1981  Започнуваат протести на Косово во кои се бара Косово да стане република и да излезе од прегратките на Србија.
1996  Република Македонија примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.
1996  Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија е примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ.

Родени:

1544  Торкуато Тасо, италиански поет.
1892  Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика.
1920  Благоја Ангеловски, филмски работник.
1931  Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер.
1931  Драгутин Аврамовски - Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар.
1952  Даглас Адамс, англиски писател, драматург и музичар.

Починале:

1908  Едмондо Амичис, италијански писател и патописец.
1955  Александар Флеминг, англиски микробиолог.
2002  Илија Милчин, македонски глумец, режисер, лингвист и преведувач.
2006  Слободан Милошевиќ, некогашен претседател на Сојузна Република Југославија.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември