9 март
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | март | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | ||||||
9 март е 68-иот ден во годината според григоријанскиот календар (69-и во престапна година). Остануваат 297 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1776 | Шкотскиот економист Адам Смит го објавува неговото капитално дело „Богатството на народите“. |
| 1916 | Прва Светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија. |
| 1956 | Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република. |
| 1966 | Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија. |
| 1987 | Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна. |
| 1995 | Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво. |
| 1999 | Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја. |
Родени:
| 1459 | Америго Веспучи, италијански морепловец. |
| 1776 | Адам Смит го објавува неговото капитално дело Богатството на народите. |
| 1814 | Тарас Шевченко, украински писател. |
| 1934 | Јуриј Гагарин, советски космонаут. |
Починале:
| 1661 | Жил Мазарен, истакнат француски политичар од италијанско потекло. |
| 1782 | Сава Петровиќ Његош, црногорски владика и митрополит. |
| 1851 | Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар. |
| 1994 | Хенри Чарлс Буковски, поет и писател од САД. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |