Индиски Океан
Од Википедија
Индискиот океан е трета по големина водена маса на планетата Земја, по Пацификот и Атлантикот. Тој покрива околу 20% од површината на Земјата. Од север е ограничен од Азија, од исток од Австралија и Индокина, од запад од Африка, а од југ со Антарктикот.