1 март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< март >>
Н П В С Ч П С
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

1 март е 60-иот ден во годината според григоријанскиот календар (61-и во престапна година). Остануваат 305 денови до крајот на годината.

Настани:

1913  Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Испратен до британскиот и рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и објавен во европскиот печат.
1917  Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит
1992  Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ.
1994  Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.
1997  Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“‎‎, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година).

Родени:

1810  Фредерик Франсоа Шопен, полски композитор и пијанист, наречен поет на клавирот.
1921  Благоја Корубин, македонскиот научник на полето на македонскиот литературен јазик.
1929  Марија Мирчов - Скаловска, истакната македонска оперска и концертна пеачка.
1983  Станка Златева, бугарски борач.
1994  Џастин Бибер, канадски поп/Р&Б пејач-текстописец и актер.

Починале:

1643  Џироламо Фрескобалди, италијански органист и композитор, најголем мајстор на органа во своето време.
1911  Јакоб Хенрик вант Хоф, холандски хемичар - добитник на Нобеловата награда за хемија (1901).

Празници:

Летник - македонски народен празник, поврзан со почетокот на пролетта и враќањето на преселните птици. Во древна Македонија на овој ден почнувало едномесечното славје на празникот на светлината „Ксантика“.
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември