Станка Златева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олимписки медали
Натпреварувач за  Бугарија
Женско борење во слободен стил
Сребрен медал – второ место 2008 Пекинг слободен стил до 72 кг
Светско првенство
Златен медал - прво место Гуангџоу 2006 72 кг
Златен медал - прво место Баку 2007 72 кг
Златен медал - прво место Токио 2008 72 кг
Златен медал - прво место Москва 2010 72 кг
Златен медал - прво место Истанбул 2011 72 кг
Бронзен медал – трето место 2009 Хернинг 72 кг
Европско првенство
Златен медал - прво место Москва 2006 72 кг
Златен медал - прво место Софија 2007 72 кг
Златен медал - прво место Тампере 2008 72 кг
Златен медал - прво место Вилнус 2009 72 кг
Златен медал - прво место Баку 2010 72 кг
Бронзен медал – трето место Варна 2005 72 кг
Бронзен медал – трето место Дортмунд 2011 72 кг

Станка Златева Христова (бугарски: Станка Златева Христова) (роден на 1 март 1983 во Крушаре, Сливенска област) е бугарска борачка. Таа го освои сребрениот медал на Летните олимписки игри во 2008, одржани во Пекинг во дисциплината слободен стил до 72 кг.

Станка Златева се занимава со женско борење уште од 1997 година, когаш била на 14 годишна возраст. Нејзиниот прв тренер бил Демир Демирев а потоа таа тренирала со Валери Рајчев во Ќустендилски спортски клуб и во репрезентацијата, како и со Огњан Рајчев во репрезентацијата. Од 2006 година таа се натпреваруваа за Левски Софија, каде што нејзиниот тренер е поранешниот светски шампион и трикратен европски шампион Симеон Штерев.

Таа била првиот бугарски женски борач на Олимпијада. Дебитирала на Олимпијадата во 2004 година во Атина, каде што таму Златева ја претставувала и била 12 на листата. Во 2008 на Олимписките игри во Пекинг, таа беше подготвена да го освои златото, но изгуби изненадувачки во финалето од Ванг Џиао на НР Кина.

Во крајот на 2010 година, беше откриено дека Златева била понудена да се натпреварува за Азербејџан на Олимпијадата во 2012, но беше цврсто одбијено да се разговараа за секоја таква можност со азербејџанците, како што таа ќе биде подготвена да ја претставува само Бугарија.[1]

На 19 декември 2011 година Станка Златева беше одликувана со титула бугарски спортист на годината за третпат од почетокот на нејзината кариера во женското борење, станувајќи заеднички еднакви со борачот Бојан Радев во однос на бројот на пати, когаш го освоиле титулот бугарски спортист на годината.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [„Неустоимо предложение за Станка Златева! (бугарски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на бугарски]]“. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2012-05-08. URL–wikilink conflict (help) Неустоимо предложение за Станка Златева! (бугарски)]
  2. Станка отново е спортната гордост на България! След нея е Петър Стойчев (бугарски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]