1810
| < XVIII век | XIX век | XX век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1810 MDCCCX |
| Ab urbe condita | 2563 |
| Асирски календар | 6560 |
| Бахајски календар | -34–-33 |
| Бенгалски календар | 1217 |
| Берберски календар | 2760 |
| Будистички календар | 2354 |
| Бурмански календар | 1172 |
| Византиски календар | 7318–7319 |
| Еврејски календар | 5570–5571 |
| Ерменски календар | 1259 ԹՎ ՌՄԾԹ |
| Етиопски календар | 1802–1803 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 810–811 |
| Ирански календар | 1188–1189 |
| Исламски календар | 1224–1225 |
| Јапонски календар | Бунка 7 (7年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 12 дена |
| Кинески календар | 己巳年月日 (4446/4506) — до —
庚午年月日(4447/4507) |
| Коптски календар | 1526–1527 |
| Корејски календар | 4143 |
| Календар Мингуо | 102 пред РК 民前102年 |
| Селевкидски календар | 2121–2122 |
| Тајландски сончев календар | 2353 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 1866–1867 |
| - Шака самват | 1732–1733 |
| - Кали југа | 4911–4912 |
| Француски револуционерен календар | XVIII–XIX 18–19 |
| Холоценски календар | 11810 |
| Џуче-календар | нема (пред 1912) |
1810 (MDCCCX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1810. година од новата ера, 810. од вториот милениум, 10. од 19 век и прва од 1810-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7318 и 7319 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6560 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5570 и 5571 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2563.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1810. година се протега во 4446 и 4447, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4506 и 4507 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2353. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1224 и 1225 исламска година.
Настани [уреди]
- Жителите на административниот центар Богота, Колумбија, објавуваат независност.
- Во Шведска е основан е часописот Фосфорус, околу кој се собираат романтичарски поети што го негуваат мистицизмот.
- Муцио Клементи, италијански класицистички композитор, прекинал со концерти и се посветил само на композиција и изработување на пијана.
- Се појавува книгата - манифест „За Германија“, на Мадам де Стал, која Наполеон ја забранил.
- Ингушетија влегла во составот на Руската Империја.
- Лунгток Гјацо, деветтиот Далај лама, бил поставен во Потала на Златниот трон на владата Ганден По-дранг.
Родени [уреди]
- Димитар Миладинов, еден од главните македонски преродбеници.
- 8 февруари - Елифас Леви, француски окултистички писател и кабалист.
- 1 март - Фредерик Шопен, полски композитор за пијано од добата на романтизмот, a се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.
- 2 мај - Папа Лав XIII, римски папа.
- 8 јуни - Роберт Шуман, германски композитор и музичар, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката.
Починале [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1810“ |
