Елифас Леви
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Елифас Леви | |
| Портрет на Елифас Леви. | |
| Роден/а | Алфонс Луј 8 февруари 1810 Франција |
|---|---|
| Починал/а | 31 мај 1875 |
| Занимање | окултист и кабалист |
Елифас Леви, роден како Алфонс Луј Констант, (8 февруари 1810 г. - 31 мај 1875 г.) бил француски окултистички писател и кабалист.
„Елифас Леви“ името под кое ги печател своите книги, било негов обид да го преведе своето име на хебрејски.
Елифас Леви бил опат на римската црква, филозоф и уметник, врвен книжевен стилист, голем шегаџија, и длабок симболист. Се интересирал за мистицизмот и окултизмот, па така стигнал и до тарот картите. За време на неговиот престој во Англија, заедно со Кенет Мекензи, исто така познат окултен научник во тоа време и слободен ѕидар со висок степен, ги преуредиле тарот картите и ги издале како шпил карти кои се базираат врз научни основи.
Интересно е дека врз основа на тарот картите Елифас Леви ја започнал големата студиозна книга Магика, во која секое поглавје се заснова врз одредена карта од Големата аркана на Таротот. Со тоа, Елифас Леви го прекршил заветот на молчење со кој се обврзал кога му е доверена на чување тајната на Таротот.
Види исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Елифас Леви“ |