Херметизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грчкиот бог Хермес

Херметизам — религија на доцната антика, и е основа на подоцнежниот западен езотеризам. Херметизмот се објаснува и како дел од „третиот столб“ на западната култура, односно баланс меѓу грчката рационалност и библиската верба.[1]

Херметизмот било движење на раниот западен езотерицизам, заедно со гностицизмот. Во својот систем на верувања содржи пантеизам и хенотеизам, односно учењето дека целиот универзум е дел од „Едното“. Исто така го поддржува мислењето дека останатите ентитети како Господ, ангелите и духовните водачи, се елементарни и постојат во универзумот.

Реинкарнација[уреди | уреди извор]

Во херметизмот се споменува реинкарнацијата. Како што изјавил Хермес Тримегист:

„О, сине, низ колку тела треба да поминеме, низ колку групи од демони, низ колку редиции од повторувања и циклуси на ѕвездите, пред да стигнеме кај Едниот?“[2]

Некои сметаат дека ова не се однесува на реинкарнација на телото, туку на прераѓања во духовниот свет. Може да се однесува на бројните суптилни тела, како и на внатрешните и надворешните демони со кои треба да се соочиме за да достигнеме хеносис.

Морал, добро и зло[уреди | уреди извор]

Хермес Тримегист објаснува во книгата 9 од Корупс херметикум дека Ноус, ги носи и доброто и злото, во зависност од тоа дали ги прима од Бога или од демоните. Господ носи добро, а демоните зло. Меѓу другото, демоните носат:

„прељуба, убиство, насилство кон таткото, осквернување на светото, безбожност, задушување, самоубиство со скокање од карпа и други демонски акции.“[3]

Ова очигледно покажува дека херметизмот вклучува чувство за моралност. Зборот „добро“ се користи многу конкретно, и е ограничен на употреба само во врска со „Врховниот Бог“.[4] Само Господ (овде не се мисли на „Сè или Едното“) е потполно ослободен од злото.

Понатаму се вели дека мачно е за некого да нема свои „деца“ (не се мисли на биолошки деца, туку на свои творби). А Господ е „Татко“, затоа што сите нешта се негова творба. Затоа, без разлика дали е мајка или татко, секој треба да направи (да создаде) нешто позитивно во својот живот.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (Van den Broek and Hanegraaff p. vii)
  2. (Патот на Хермес стр. 33)
  3. (Патот на Хермес стр. 42)
  4. (Патот на Хермес стр. 28)
  5. (Патот на Хермес стр. 29)