Демон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Антониј го мачат демони, слика од Мартин Шонгауер, од 1480-те.

Во религијата, фолклорот и митологијата, демонот (од грч. δαίμων) е натприродно суштество општо опишано како лош дух. Во христијанството со терминот „демони“ се опишуваат „паднатите ангели“ кои порано биле дел од Господ. Демонот често се опишува како сила која може да се привикува и понекогаш да се контролира. „Добрите“ демони често се користат во литературата, а ги има кај Хесиод и Шекспир.[1] Во секојдневниот говор, „демонизирање“ на некој човек значи да се прикаже тој човек како зло или извор на злото.

Наводи[уреди]