Успенски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пјотр Демјанович Успенски (руски: Пётр Демьянович Успенский), попознат само како Успенски (4 март, 18782 октомври, 1947), бил руски философ кој користел геометрија во неговите дискусии за психологија и повисоките димензии на постоењето.

Успенски е добро познат по неговите излагања на раните трудови на грчко-ерменскиот учител на езотериската доктрина Гурџиев (руски: Георгий Иванович Гурджиев), кого го сретнал во Москва во 1915 година. Се поврзал со идеите на Гурчиеф од својата триесет и осма година, но на крајот сепак се одделил од него, а се вели и дека се откажал од „системот“ кој го делел со другите цели 25 години. Сепак, тоа се нагаѓања, и нема таква изјава во неговите „Записи од средби“, книга која е постхумно издадена. Но, забележано е дека во Лондон, во 1924 година, изјавил дека ќе продолжи независно.

Биографија[уреди]

Успенски е роден во Москва. Неговата прва книга Четвртата димензија е печатена во 1909 година; втората книга Тертиум Органум, во 1912 година; а Нов модел на вселената во 1931 година. Последнава книга се занимава со идејата за езотерија. Негово дело е новелата Чудниот живот на Иван Осокин, во која се зборува за концептот на враќање, односно вечното враќање.

Во потрага по знаења патувал низ Европа, низ источна Индија, Цејлон и Египет. По враќањето во Русија се запознал со Гурчиеф и со него ги поминал наредните неколку години во учење.

Во книгата Тертиум Органум ја негира безусловната реалност[1] како и формулата за идентификација на Аристотел дека „A е A“. Успенски исто така нуди оригинална дискусија за природата на сексуалноста во неговата книга Нов модел на вселената; а покрај другото, прави разлика меѓу еротика и порнографија.

Во текот на годините поминати во Москва Успенски пишувал статии за неколку весници. Бил посебно заинтересиран за идејата за четврта димензија. Неговата прва печатена статија била насловена како Четвртата димензија,[2] а темата ја истражувал најмногу преку трудовите на Чарлс Хинтон,[3] зборувајќи за четвртата димензија како за продолжеток на просторот, иако пред појавата на Теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн време-просторот не бил во мода.[4] Успенски го сметал времето како четврта димензија индиректно во новелата Чудниот живот на Иван Осокин[5] каде исто така ја истражува и теоријата за вечното враќање.

После Октомвриската револуција, Успенски заминал за Лондон, а од таму за Истанбул. Во тоа време Гурчиев го формирал својот Институт за хармоничен развој на човекот во Франција, а Успенски дошол до заклучок дека не може повеќе да го сфати неговото учење и решил да се оддели од него. Сепак, во книгата Фрагменти на непознато учење, која е издадена постхумно во 1947 година, со наслов Во потрага по чудесното, Успенски пишува за учењата на Гурчиев. Ова дело е критикувано од следбениците на Гурчиев, кои сметаат дека овде се само делумно претставени идеите на Гурчиев. Сепак важно е да се нагласи дека Успенски имал дозвола од Гурчиев да го печати делото Во потрага по чудесното, нешто што не дозволил на ниеден друг негов ученик.

Умрел во Суреј (Surrey) во Англија. Набрзо по неговата смрт, во 1947 година, се печатени книгите „Психологијата на можната еволуција на човекот“ и „Во потрага по чудесното“. Подоцна, во 1957 година печатени се сите негови одговори и важни концепти за учениците на ова учење, во книга под наслов „Четвртиот пат.“

Документите на Успенски се чуваат во архивите на универзитетската библиотека на Јејл.

Неговото учење[уреди]

Откако се одвоил од Гурчиеф, Успенски на независни групи држел предавања за „Четвртиот пат“. Терминот „Четвртиот пат“ го смислил Успенски, а се однесува на школите на четвртиот пат и нивното постоење низ историјата.

Родни Колин, е еден од најпознатите ученици на Успенски, чии дела се под влијание на неговиот учител, а преку него и на Гурчиеф и нивниот систем за духовен развој. Со Успенски се сретнале во 1946 година, и Родни Колин веднаш сфатил дека го сретнал она по што трагал. Од тој момент, се посветил на изучување на учењата на Успенски.[6] Најпознатото дело на Колин, „Теоријата на небесното влијание“, е амбициозен обид да се обединат астрономијата, физиката, хемијата, човечката физиологија и светската историја со верзијата на Колин за влијанието на планетите.

Публикувани дела на П.Д. Успенски[уреди]

  • „Тертиум Органум: Третиот канон на мислата, клуч за енигмите на светот“
  • „Нов модел на вселената: Принципи на психолошкиот метод во неговата примена за проблемите на науката, религијата и уметноста“
  • „Психологијата на можната еволуција на човекот“
  • „Чудниот живот на Иван Осокин“
  • „Во потрага по чудесното: Фрагменти на непознато учење“
  • „Четвртиот пат: Запис на разговори и одговори на прашањата поврзани со учењето на Г.И. Гурдјеф“
  • „Писма од Русија, 1919“
  • „Совест: Потрага по вистината“
  • „Други записи: Делови од средби 1928-1945“
  • „Симболизмот на таротот“
  • „Психологијата на можната еволуција на човекот и космологијата на можната еволуција на човекот, дефинитивни текстови на неговите психолошки и космолошки лекции, 1934-1945“
  • „П.Д.Успенски Собрани дела“


Наводи[уреди]

  1. P. D. Ouspensky, Tertium Organum, Alfred A. Knopf Publisher, 1968 ISBN 10: B000NVY3RC
  2. P. D. Ouspensky, The Fourth Dimension, Kessinger Publishing, 2005. ISBN 10-1425349358.
  3. Rucker, Rudolf, editor, Speculations on the Fourth Dimension: Selected Writings of Charles H. Hinton, Dover Publications Inc., 1980. ISBN 0-486-23916-0.
  4. Rucker, Geometry, Relativity and the Fourth Dimension, p. 57.
  5. P. D. Ouspensky, Strange Life of Ivan Osokin, Lindisfarne Books, 1947. ISBN 1-58420-005-7.
  6. Rodney Collin, The Theory of Conscious Harmony: From the Letters of Rodney Collin, Introduction.
  • Gary Lachman: In Search of P. D. Ouspensky: The Genius in the Shadow of Gurdjieff. Quest Books, 2004, ISBN 0-8356-0840-9.
  • J. H. Reyner: Ouspensky, The Unsung Genius. George Allen & Unwin, London, 1981, ISBN 0-04-294122-9.
  • Colin Wilson: The Strange Life of P. D. Ouspensky. The Aquarian Press, 1993, ISBN 1-85538-079-X.
  • Bob Hunter: Don't Forget: P.D. Ouspensky's Life of Self-Remembering, Bardic Press, 2006. ISBN 0-9745667-7-2.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: