Џон Непер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Џон Непер

Портрет на Џон Непер
Роден(а) 1550
Мерчистонски замок, Единбург
Починал(а) 4 април 1617 (на 66–67 г.)
Единбург
Државјанство Flag of Scotland.svg Кралство Шкотска
Националност Шкот
Полиња математичар
Студирал(а) во Сент Ендрјуз
Познат(а) по логаритми
Неперови коски
децимална запирка
Влијанија од Хенри Бригс

Џон Непер од Мерчистон (англ. John Napier of Merchiston, 15504 април 1617), наречен Чудесниот Мерчистон (Marvellous Merchiston) бил шкотски математичар, физичар, астроном/астролог и Осми Лерд од Мерчистон. Најпознат е по изумувањето на логаритмите и Неперовите коски, како и заживувањето на употребата на децималната запирка. Неговото родно место, Мерчистонскиот замок, Единбург денес е дел од Неперовиот универзитет. Починал од костобол и бил погребан во црквата Св. Катберт, Единбург.

Содржина

[уреди] Напредоци во математиката

Непер е малку познат вон математичарските и инженерските кругови, за чиј напредок тој направил многу. Со помош на логаритмите рачните пресметувања станале многу полесни и побрзи, и така тие го трасирале патот за многу други пронајдоци и напредци. Неговото дело, Mirifici Logarithmorum Canonis Descriptio, има 37 страници објасненија и 90 страници со таблици (логаритамски таблици), со чија помош астрономијата, динамиката, физиката и астрологијата продолжиле да се развиваат. Изумител е и на направата за множење наречена Неперови коски.

[уреди] Теологија

Непер ги употребил своите математички способности во теологијата, каде со помош на Откровението ја предвидувал Апокалипсата. Според неговото мислење, крајот на светот требал да дојде во 1688 или 1700. Некаде среќаваме и тврдења дека Непер бил и некромант; меѓутоа знаеме дека во тоа време ваквите неосновани обвиненија брз научно талентирани лица биле честа појава.

[уреди] Почести

По Непер се именувани повеќе нешта, како на пример единицата непер, која е алтернатива на децибелот во електроинженерството, Неперовиот универзитет во Единбург, кратерот Непер на Месечината[1], како и еден астероид во 1992 - 7096 Непер.

[уреди] Дела

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

  1. Непер - Билтен на планетарната номенклатура – УСГС Астрогеологија (англиски)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици