Теозофија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија се однесува на филозофското учење на Елена Петровна Блаватска. За други значења на поимот, види Теозофија (историја на филозофијата).

Теозофија е доктрина на религиозната филозофија и метафизика, создадена од Елена Петровна Блаватска. Во тој контекст, теозофијата вели дека сите религии се обид на духовната хиерархија, махатма, со цел да им помогнат на луѓето да постигнат повисоко совршенство, и според тоа, сите религии содржат дел од вистината. Заедно со Хенри Стил Олкот и други, Блаватска го оформила Теозофското друштво во 1875 година.

Името[уреди | уреди извор]

Теозофија буквално значи „божја мудрост" (грчки: θεοσοφία theosophia), и пред да го користи Блаватска, означувал неколку идеи:

Терминот се појавува во неоплатонизмот. Филозофот Порфириј го користи овој термин, а индиските јоги го користат зборот `теозофија` со значење „мудрост во божјите работи“. Постои цела редица на ренесансни филозофи кои се под влијание на теозофијата: Корнелиус Агрипа, Парацелзиус, Роберт Флуд, како и Емануел Сведенборг.

Оксфордскиот речник овој термин го дефинира како: „Систем на размислување кој се заснова врз знаењето за природата на божественото“, а во македонскиот речник на странски зборови е дефиниран како: „Празноверје во врска со господ и со божемните контакти со `задгробниот живот`.“[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Речник на странски зборови во македонскиот јазик, д-р Толе Белчев, Скопје, 2002, ISBN 9989-43-192-2.

Поврзано[уреди | уреди извор]