Гностицизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страници од Евангелието на Тома, откриени во Наг Хамади библиотеката во 1945 година.

Гностицизам (грчки: γνώσις, gnōsis, „знаење“) се однесува на различни синкретистички религиозни движења кои содржат различни системи на верување, но во основа сите учат дека луѓето се божествени души заробени во материјалниот свет што е создаден од несовршен бог, демиург, кој често се поврзува со богот на Авраам.

Демиург може да се опише како несовршен творец на светот. За да се ослободиме од материјалниот свет, потребно ни е знаење, гноса или езотеричко спиритуално знаење.[1] Некои правци на гностицизмот сметаат дека човекот е осуден да се бори со својата судбина. Некои гностички правци го сметаат Исус Христос за отелотворување на бога, кој се инкарнирал за да го донесе знаењето на земјата. Од други пак, тој се смета за „лажен месија“ кој го изопачил учењето што му го доверил Јован Крстител.[2]

На почеток гностицизмот се сметал како секта на христијанството, но денес е јасно дека траги на гностицизмот се наоѓаат неколку века пред да започне христијанската ера.[3] Гностицизмот бил забрануван во првиот век од нашата ера,[4] и станал дуалистички ерес на јудаизмот, христијанството и хеленистичкaта филозофија во областите кои ги контролирала Римското Царство, Ариевците и Персиската Империја. Во средниот век, за време на Катарската крстоносна војна (1209–1229) голем број на гностици се убиени, а само мал број на гностички заедници се останати од тогаш до денешно време. Идеите на гностиците извршиле влијание врз филозофиите на различни езотерични и мистични движења од доцниот 19 и почетокот на 20 век во Европа и Северна Америка, а некои од тие движења денес се сметаат себеси за наследници на раните гностички заедници.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Pagels, Elaine. The Gnostic Gospels, Vintage Press, 1989, pgs. 18, 37, 42
  2. Macuch, Rudolf (1965). Handbook of Classical and Modern Mandaic. Berlin: De Gruyter & Co., 61 fn. 105.
  3. http://www.newadvent.org/cathen/06592a.htm
  4. Барт Д. Ехрман Изгубеното христијанство. Оксфорд Универзити прес, 2003, стр.188-202