Езотерична космологија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Статии од категоријата Окултизам |
|---|
| Правци |
|
Спиритуализам |
| Окултисти, астролози, јасновидци |
|
Алистер Кроули |
| Магиски техники |
|
Акаша • Акашки записи |
| Портал:Окултизам |
|
|
Езотерична космологија е космологија која е суштински дел од езотеричниот или окултниот систем на размислување. Речиси секогаш се занимава со овие теми: еманација, инволуција, еволуција, епигенеза, нивоа на постоење или повисоки светови (и нивната еманација и поврзаноста меѓу нив), хиерархија на духовните суштества, космички циклуси (на пример, космичка година, југа), јога или духовни техники за самоподобрување, и мистични и алтернативни состојби на свеста.
Езотеричната космологија покрива многу од темите со кои се занимаваат религиозната космологија и философската космологија, како на пример почетокот, целта и судбината на универзумот, на свесноста и на постоењето. Поради тоа, понекогаш е тешко да се одреди каде завршува религијата или философијата, а започнува езотеријата и окултизмот. Сепак, езотеричната космологија се разликува од религијата во својата пософистицирана градба на мислата, која е интелектуално сфаќање, а не верба, а од философијата според истакнувањето на техниките за духовна трансформација.
Примери на езотеричната космологија може да се најдат во следните правци: гностицизам, неоплатонизам, тантра, Кабала, суфизам, јога, теозофија, антропозофија, космичката традиција на Макс Теон, учењето на Шри Ауробиндо, Мехер Баба, Четвртиот пат на Гурдјеф и Успенски, во неопаганизмот и многу други њу ејџ учења.