Колумбија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Колумбија е држава во северозападниот дел од Јужна Америка. На исток се граничи со Венецуела, на југоисток со Бразил, на југозапад со Перу и Еквадор, а на север со Панама. На североисток излегува на Атлантскиот Океан, а на северозапад на Тихиот Океан. Главен град е Богота.

Содржина

[уреди] Население

Населението на Колумбија изнесува 44 379 598 жители (2007). 58% од населението се метиси, 20% бели, 14% мулати, 4% црни и 4% мешавина од црни и индианци.

95% од населението се католици, а 5% спаѓаат во друѓи религии. Годишниот прираст на населението е 1.433% (2007), кое ги определува меѓу државите кои имаат среден годишен прираст на населението.

Густина на населеност: 34 жители на км2. 96% од вкупниот број колумбијци живеат на помалку од половината од вкупната површина на земјата, во нејзиниот западен дел.

Како службен јазик, колумбиците го користат шпанскиот. Официалната валута се нарекува колумбиски пезос (песо). Симболот на Колумбија е Орхидејата.

[уреди] Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Колумбија.

Во 1514, Шпанија започнала постепено да го колонизира регионот на денешна Колумбија. Преку Санта Марта (основана на 29 јули 1525 година од страна на шпанскиот конквистадор Родриго де Бастидас) и Картагена (1533), започнала колонизацијата на Јужна Америка. Започнувајќи во 1536, конквистадорот Гонзало Џименез де Квесада најпрвин ги истражил регионите кои се наоѓале покрај реката Магдалена, па подоцна ги покорил народите кои го зборувале јазикот Чибча. По ова бил основан градот Санта Фе де Богота (околу 1538 година, денешна Богота) и регионот бил наречен 'El nuevo Reino de Granada', кое во превод значи "новото царство на Гранада".

По победата на Себасијан де Белалцезар била воспоставена шпанска власт. Во почетокот најголем проблем било начинот на кој ќе се владее во новото кралство, односно кој ќе ја спроведува извршната власт. Но набргу проблемите биле надминати и новото кралство започнало да функционира.

Вицекралството Нова Гранада претставувало вицекралство кое постоело во периодот од 17171724, 17401810, и 18151819 година. Кралството ги опфаќало северните делови од денешните држави: Колумбија, Еквадор, Венецуела, Панама, Гвајана, Коста Рика и Тринидад и Тобаго.

Ова кралство е наследник на Ново Кралство Гранада кое опстојувало во 16 век. Но на 27 мај 1717 година (со прекратување помеѓу 1712-1739) станало самостојно вицекралство кое било директно подчинето на кралот на Шпанија. [1] Престолнината на ова кралство била Богота.

Во 1810 година тоа станало независно од Шпанија, но веќе во 1816 година повторно било заземено од Шпанија. По само три години, овие територии конечно се оделиле од зависноста на Шпанија, притоа создавајќи ја новата држава- Голема Колумбија.

По нејзиното реаспаѓање во 1831 денешна Колумбија се викала Република Нова Гранада до 1863.

Независноста Колумбија ја добила во 1819 година од Шпанија. Во 1525 шпанците го основат првиот европски град на континентот во крајбрежјето на Карипско море. Постепенно тие започнале да добиваат голема контрола над територијата и во 1538 година бил основан градот Санта Фе (денеска Богота).

Во 1810 жителите на административниот центар Богота објавуваат независност. Водени од Симон Боливар и Франсиско Сантандер тие извојуваат победа во 1819 година, кога била основана Голема Кoлумбија и која се распаднала во 1831 година и кога од нејзината територија се создаваат нови држави: Нова Гранада, и денешната Колумбија. Панама е дел од неа до 1903 година, кога и таа се оделува.

Демократијата во Колумбија е доведена со многу крвопролевања, со започнување на две граѓански војни. Во 1957 година бил основан Национален Фронт при што најголемите партии во Колумбија се договараат да владеат заедно, кое не било општо прифатено од месното население и кое довело до создавање на комунистички движења кои до ден денешен влијаат врз политичкиот живот на Колумбија.

[уреди] Занимање

Колумбија е позната во светот по производство на мошне квалитетно кафе, која меѓувреме претставува и најголема земјоделска кулѕура во земјата. Колумбиските смарагди се сметаат за најдрагоцени. Дури 90% од сите смарагди на светскиот пазар потекнуваат од оваа земја.Текстилната индустрија е традиционално развиена.Во подем се и преработката на нафта,прехранбената и хемиската индустрија

[уреди] Етимологија на име

[уреди] Географија и клима

Колумбија на север излегува на Карипското море и на запад на Тихиот Океан.Се граничи со Венецуела и Бразил на исток,со Перу и Екватор на југ и со Панама на запад.Долините на реките Магдалена и Каука го зафаќаат просторот меѓу планинските венци.На исток се наоѓаат слабо населени рамнини, низ кои течат притоките на Амазон и кои на југ се покриени со тропски шуми.Покрај карипскиот брег и во долините климата е сува, екваторијална е во рамнините во источниот дел и многу студена на височина над три илјади метри.На брегот на Тихиот Океан има обилни врнежи.

[уреди] Политички систем

[уреди] Административна поделба

[уреди] Економија

[уреди] Јазик и религија

[уреди] Култура во Колумбија

[уреди] Музика во Колумбија

[уреди] Спорт во Колумбија

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици