Светска банка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Меѓународната Банка за Реконструкција и Развој (МБРР), или подобро позната како Светската банка е меѓународна организација чија примарна цел била финансирање на земјите разурнати од Втората Светска војна. Сега целта на Светската Банка е борба против мито и корупција преку финансирање на државите. Работата на Светската банка е регулирана преку исплата на пари од страна на земјите членки. Светската Банка била формирана на 27 декември, 1945 претставувајќи ратификација на спогодбите постигнати на конференцијата во Бретон Вудс од 1 јули до 22 јули, 1944.

Моменталните активности на Светската Банка се фокусирани на земјите во развој (од 2000, терминот кој се претпочита е помалку развиена земја), на полиња како образование, земјоделство и индустрија. Таа обезбедува заеми на земји членки кои се во финансиска потешкотија. Наспроти тоа, Светската Банка се залага и за преземање на политички мерки со цел ограничувањето на корупцијата и лажната демократија.

Работата на Банката е предмет на долгостоечки и силен критицизам од страна на голем број академици, и понекогаш од сопствените евалуации на Банката. Таа била обвинувана за тоа што „претставува американски или западно-европски алат за влијаење на економиите кои ги одржуваат западните интереси“ и покрај доказите дека реформите на политиката поврзана за слободниот пазар се често штетни за развојот на земјата доколку се лошо или пребрзо имплементирани, или пак по погрешен редослед, или пак во некомпетентна околина (на пример: многу слаби, некомпетентни економии).

Надворешни врски[уреди]

Литература[уреди]

  • Игор Јанев, UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.