Крива Паланка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Крива Паланка
Крива Паланка со Крива Река
Крива Паланка со Крива Река
Знаме на Крива Паланка
Грб на Крива Паланка
Mестоположба
Mестоположбата на Крива Паланка
Крива Паланка на картата на Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Крива Паланка
Поштенски бр.: 1330
Повикувачки бр.: (+389) 031
Автомобилска ознака: KU
Мреж. место: krivapalanka.gov.mk
Историја
Основан: 1633
Стари имиња: Егри Дере
Егри Паланка
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Општина: Крива Паланка
Градоначалник: Арсенчо Алексовски
Географија
Население
Население: 14.558
Образование:


Крива Паланка е град во североисточниот дел на Република Македонија, сместен под падините на Осоговските планини на двата брега на Крива Река. Во непосредна близина на градот се наоѓа граничниот премин Деве Баир кон Република Бугарија. Од Куманово е оддалечена 60 км, а од Скопје 100 км во источен правец.

Содржина

[уреди] Етимологија

Името на градот Крива Паланка доаѓа од кривото корито на реката Крива. Поранешното име на градот било Егри Дере, што на турски јазик значи „крива река“. Покасно, зборот „Паланка“ го заменил турскиот збор „дере“.

[уреди] Историја

Градот е еден од најмладите градови во Република Македонија. Градот бил формиран од турците, поточно од Бајрам Паша и градот имал важност како воен и одбрамбен центар. Тој центар имал за цел да го зајакне тој регион на Македонија. Основањето на градот е забележано во турските документи со година 1043 по муслимански календар или по стандардното христијанско броење во 1633. Тој документ, поточно плоча, се чувала на влезот во тврдината и била испишана со арапска азбука. Подоцна плочата се пренела во џамијата што се наоѓала во центарот на градот. Денес плочата сед чува во Музејот на Македонија во Скопје.

Својата добра позиција овозможила оваа мала населба да прерасне во поголемо населено место. Според пописите во 19 век, градот се сметал како населено место со христијанско македонско и со турско муслиманско население.

Во градот оформува значаен христијански слој во градот, којшто во XIX век ја понел на своите плеќи преродбата и равојот на градот, во еден христијански и православен манир. Во ова време се оформува градскиот слој на богати македонски трговци и знаетчии кои што тргуваат надвор од отоманската империја и ги носат со себе во градот новите текови и новите идеи на XIX век.[1]

Во овој период во Крива Паланка, делува и еден од првите македонски преродбеници Јоаким Крчовски, којшто со помош на локалните трговци, во 1814–1819, во Будим ги печати своите познати пет книги, на жив народен говор. Крчовски не само што ја развил потребата од описменување, туку извршил и пресудно влијание за основаwе на црковно – келијно училиште во 1817 г. коешто било сместено во Енгеровата куќа, во чија близина подоцна со големо залагање на градските првенци и самиот ктитор Давид Јереј, во 1833 г. ќе биде изградена градската црква Свети Димитрија.

Споменик на паднатите борци од НОБ

Како резултат на црковно–просветната дејност, во Крива Паланка, во уште во 1833 година дејствува црковно- епитропска општина, која во 1861 се трансформира во црковно – училишна општина, а веќе истата година ќе се самоуправува без официјално да се откаже од јурисдикцијата на скопскиот патријаршиски митрополит.

По Првата светска војна, во 1919 -1920 година. Кога Крива Паланка за прв пат добива статус на Општина, во рамките на Вардарската Бановина на кралството СХС, го добива првиот домороден претседател (градоначалник), и го добива ликот којшто во голем дел го задржала и до ден денес. Во тие години, Крива Паланка добива неколку значајни објекти: Зградата на Општината, Официрскиот Дом, Училиштето Партизан, Старата Болница, и ја добива првата регулација на коритото на Крива Река на потегот од Осичка маала до Нумулија, а била започната и изградбата на првата електрична централа во североисточна Македонија, на Дурачка Река, но која што подоцна била прекината[2].


АРХЕОЛОГИЈА Историските текови и живеењето низ историјата оставиле неизбришливи траги на територијата на Крива Паланка и Кривопаланечко. Сето тоа македонската археологија досега го има рекогносцирано на повеќе места и во повеќе наврати низ територијата на Крива Паланка, преку ископувањата на археолошките локалитети. Кога се зборува за Крива Паланка низ археолошка призма, незаобиколна е историјата и убикацијата на урбаните, областните, владетелските центри низ историјата. Ако започнеме од неолитскиот период, археолошките траги не водат низ локалитетите по селата од новата општина Ранковце, започнувајки од с. Отошница, Гиновце па се до с. Ранковце и најзначајниот локалитет Мал Камлеш, датиран помеѓу 5.000 – 3.500 г. пред христа, воедно и најстар локалитет во Кривопаланечко. Продолжувајки понатаму низ историските епохи, следуваат енеолитските населби и живеалишта, кои се малку истражени и не толку застапени во кривопаланечко, а по нив и железнодопските населби, утврдувања и некрополи, расеани по целата територија на источна Македонија, татковина на толку познатите Пајонци, и нивните северни племиња Лајаите и Аргијадите, сѐ уште недоволни итражени од нашата археолошка наука. Токму и со нив започнува античкиот период во овој дел на Македонија, под влијание на нивните далеку понадмоќни браќа Македонците. И покрај неколкуте истражувања на пајанските населби, сѐ уште тие се превеани под превезот на мистичноста, и тајновитоста за нивниот живот. Ако за момент арехологијата ја погледнеме низ призмата на урбаните центри на живеење во кривопаланечко, тогаш прошетката би изгледала вака:

СЛАВИШТЕ

Според историските извори, и археолошите ископувања во кривопаленечко, прв центар на урбано, административно и политичко живеење, во Средниот век бил градот Славиште. За првпат овој град се споменува во хрисовулите на византискиот цар Василиј II од 1019, како дел од Мородвишката епархија, во која што градовите биле споменати по следниот редослед (Мородвизд, Козјак, Славиште, Злетово, Луковица и Пијанец). Градот Славиште бил центар на областа Славиште или енорија Славиште (средновековен назив за кривопаланечко). Археологијата градот го лоцира на локалитетот “Градиште” во с. Опила. Населбата се наоѓа на 2 км, северозападно од центарот на селото, на 90 м висок рид, во маалата Бабöнци, лоциран покрај Крива Река, на патот Скопје – Велбужд (Ќустендил),и неговиот крак на југ кон Брегалница, којшто во минатото водел по течението на Крива Река. Се смета дека во овој регион којшто и денес го носи името Славиште, е единственото место кое би можело да ги понесе обележјата на средновековен центар на регионот. Ваквата констатација ја потврдуваат и археолошките наоди од овој локалитет: словенска огнишна грнчарија, монети од 11-13 век. На северното и југозападното подножје на тврдината се откриени голем број на средновековни гробови што ни говори за интензивниот живот во овој период. Оваа некропола е единствена од овој период во кривопалнечко, со кострукција на гробовите во елипсовидна форма, одозгора покриени со груби плочи на кој има врежан крст. Само во два гроба е најден гробен инвентар (накит) престен и наушници. Единствено во населбата и во нејзината најблиска околина засега не се констатирани остатоци од средновековни цркви, за целосно да ја потврдат урбаноста, и улогата на центар која што ја имала населбата. Несигурноста од напади поради транзитноста на регионот, условило развој на населбата во тврдина (била обѕидана со ѕидини од камен). Подигната како таква , благодарејќи на поволните сообраќајни можности и трговијата со соседните области се развила во најважно средиште на целиот западен дел на кривопаланечката област. Поради близината на полето главен продажен производ било житото. Населбата имала и значајна стратегиска важност. Го штитела влезот во кривопаланечката област од западна страна. Ваквата положба во минатото му обезбедила одбивање на бројните напади, низ целиот среден век. Меѓутоа населбата не била изградена само за одбрана. Таа важела и како човечко престојувалиште. Животот не се развивал исклучиво во тврдината, туку и во околните ниски делови на населбата и соседните населби (се смета дека одделни маала на селата Ранковци, Отошница, Ветуница биле дел од подградието). По освојувањето на Турците тврдината го губи своето значење, и подоцна сосема е напуштена.

ГРАДЕЦ

Еден од позначајните центри во следниот историски период е урбаниот центар Градец. Значењето на Градец најповеќе се доведува во врска со основањето и почетната историја на градот Крива Паланка. Имено едни од првите христијански жители на градот Крива Паланка се смета дека се преселиле од Градец. По разрушувањето на градот Славиште, средновековните извори се сложуваат дека Градец ја превзел улогата на стратешки, управен и административен центар. И според народното предание е потврдено тоа. Имено во селото постои предание дека во Градец живеел благородник кој управувал со населбата, а подоцна и со целата жупа која и понатаму го носела името Славиште. Градец лежи на десната страна по течението на Крива Река, на неколку километри западно од Крива Паланка, разместен со своите маала на повеќе ритчести возвишенија. На платото на едно возвишение (м.в. Градиште), во повисокиот дел на Градец се наоѓа тврдината. Во подножјето на тврдината, на една пространа широчина се протега подградието- населбата. Тука на посебно место се вршела продажбата на стока и производи. Развиената економија овозможила долг период нормален и организиран живот на оваа населба. Градец се споменува и во врска со животот и делото на преподобниот отец и пустиножител Св. Јоаким Осоговски, кој живеел и духовно се воздигал тука кон крајот на XI век. Овој податок се потврдува и во Житието на Св. Јоаким Осоговски-Сарандопорски, познато по преписи од XV век: “Не се знае од кое место светиот и преподобен отец наш Јоаким дошол во Осоговието. Една вечер пристигнал во куќата на некој кнез кој живеел во село Градец. Кнезот имал во својот двор изградено црквичка и Јоаким влегол во неа да му се помоли на Бога. На кнезот преподобниот Јоаким му се доверил дека дошол за да најде погодно место да се насели и својот живот да го помине во пост и молитва. Кнезот познавал многу такви места и му покажал на преподобниот Јоаким место што се наоѓало покрај реката Сарандопор (Крива Река)”. Во времето на турското средновековие Градец заедно со целот предел Славиште влегува во Ќустендилскиот санџак. Подоцна со формирањето на Крива Паланка, и преместувањето на управата во нејзе, Градец го губи своето значење. Единствено во времето на чифличиот систем, неколку локални феудалци имале имоти во с.Градец. И тоа беговите Ферат, Калеш-Биљав и Ташкаран сите од Крива Паланка. Дури Калеш-Биљав бег изградил Кула (Биљавина кула) во селото, која што до 1920 г. стоела на м.в. Кула. Во селото на местото Селиште се наоѓа црквата Свети Никола, изградена во 1857 година, со конаци во близината. Во селото не се вршени поголеми археолошки ископувања за да се потврдат стратиграфиски, културните и историските слоеви со кој се одликува селото. Единствено локалната топонимија и кажувањата на жителите можат да ни го потврдат тоа. Во атарот на селото се наоѓаат следниве топоними: Распаќе, Џамалиско ораче, Шашаница, Крс, Крстовска ливада (во 1952 откриени се два гроба со плочи наоколу и одозгора, од кој едниот бил празен; откриени големи ќупови), Крстовски Рид, Градиште (местото на кое се наоѓал градот; има остатоци од разрушени ѕидини, грнчарија), Селиште (старо село), Пушкарски Рид, Ранѓел (старо собориште; најдени стари кандила и бунар), Цигански Куќи, Оров Рид и други, на кои што треба да се извршат поголеми истражувања за да се потврди улогата и значењето на Градец како центар во средновековието.

[уреди] Географија и клима

Крива Паланка има умерено-континентална клима со умерено ладна зима, умерено топло лето, свежа пролет и релативно топла есен, што се должи на географската диспозиција и на извесни влијанија кои навлегуваат од Егејското Море преку Крива Река. Високите делови на Осоговијата се под влијание на степската клима. Просечната годишна темперетура изнесува 10,2 С. Во текот на годината најтопол месец е јули со просечна вредност од 20,0 С. Најстуден месец е јануари со просечна вредност од -0,3 С. Просечното годишно температурно колебање изнесува 20,30 С. Во спордба со областите што ја опкружуваат, Кривопаланечката област добива значителни врнежи. Ова се должи на апсолутно големата висина која претставува природен кондензатор за водената пареа, што ја носат западните и јужните ветрови. Просечниот датум на првиот снежен покривач во оваа област е 30 ноември. Појасот над 1700 метри надморска височина има доста ниски средни годишни темперетури, затоа врвовите Руен и Царев Врв се под снежна покривка од октомври па до почетокот на јуни. На Руен снежната покривка се задржува и во јули[3].

[уреди] Население

Според последниот попис од 2002 година, во Крива Паланка живеат 14.558 жители [4] од кои:

Етничка група Број
македонци 13. 758, 97%
албанци 0
турци 2
роми 560
власи 2
срби 88
бошњаци 1
останати 39


Градот има поволна демографска слика со пораст на населението. Забележлив е високиот наталитет кај Македонците, со оглед на тоа дека во градот и неколку околни села живеат повеќе семејства од македонска националност со 4,5,8 и 10 деца.

[уреди] Религија

Населението во Крива Паланка е повеќето од православна вероисповед. Православието е длабоко навлезено во животот и традицијата на паланчани а за тоа сведочат големиот број на цркви и манастири што се наоѓаат во градот, но и во непосредната околина. Крива Паланка во Македонија и пошироко е позната по еден од најубавите манастирски комплекси- манасториот Свети Јоаким Осоговски.

[уреди] Економија

Од стопанството во Крива Паланка најразвиена е трговијата поради близината со бугарската граница, а останатиот дел се занимава со земјоделие (најмногу се одгледува компир, а во помала мерка и пченка, пченица, јачмен, ’рж, овес, и др.) и рударство во блиските рудници Тораница (за олово и цинк) и „Бентомак“. Во центарот на Крива Паланка постојат повеќе стари занаетчиски дуќани како часовничари, казанџии, опинчари и други занаети кои сѐ уште активно работат. Во центарот на градот работи и стоковна куќа, а на ридовите во близина на градот работат и повеќе пилани и сечи за огревно дрво и дрво за мебел.

Во градот работат повеќе градинки, три основни училишта и гимназија.

Поради својата местоположба на европскиот коридор Г-8 од поодамна е во план продолжување на железничката пруга до Крива Паланка и бугарската граница која во моментов изградена до селото Бељаковце.

Во скора иднина ќе започне и реализацијата на проектот за гасификација на градот, за кој се обезбедени 7 милиони евра странска помош.

[уреди] Туризам

Во последните години, локалните власти во Крива Паланка сѐ повеќе вложуваат во туризмот како едно од важните гранки на стопанството во Македонија. Со својата природна убавина и богатата културно-историска традиција, Крива Паланка сѐ повеќе се промовира како кај домашните, така и кај странските туристи. Во својата програма, Крива Паланка ги понудува посетите на манастирите и историските локалитети во градот и во својата околина, потоа организира посети и сместувања во еден од најубавите македонски манастири- манасторот Свети Јоаким Осоговски. Исто така, локалитетите Градец, Трново и Станци се отворени за туристите во секое време.

  • Градец, Испосница на Свети Јоаким Осоговски. Селото Градец е во близина на Крива Паланка, поточно се наоѓа на 7 километри оддалеченост од градот. Според легендада, на ова место се подвигувал нашиот светец Јоаким Осоговски, пред да се премести во месноста Бабин Дол, каде што денеска се наоѓа неговиот манастир. Во близина на испосницата се наоѓа археолошкиот локалитет Градиште, со остатоци од доцна антика и среден век. Исто така во селото се наоѓа Црквата Св. Никола од 19 век, а во нејзина близина се наоѓа старото училиште, коешто е преадаптирано за сместување на туристи[6].
  • Трново. Селото Трново се наоѓа на 15 км североисточно од Крива Паланка. Во селото на наоѓа старата Црква Св. Никола од 16 век, во чија близина се наоѓа Парохискиот дом, којшто нуди услови за акомодација гости. Во рамките на целиот комплекс на наоѓаат уште два објекти старото училиште и задружниот дом, којшто со мали преадаптации, можат да бидат ставени во фукција на туризмот. Исто така, и тука гостите можат да дегустираат традиционални јадења, приготвени на традиционален начин[7].
  • Станци, Дренак и Дурачка Река. Се наоѓаат на 6 км југоисточно од Крива Паланка. Двете села, преставуваат пријатни места со прекрасни етно амбиенти, со куќи изградени во традиционална архитектура . Во селата сѐ уште се функционални валавниците и водениците, постарите жители се уште носат традиционална народна носија, и живеат на традиционален начин. Туристите можат да дегустираат храна (баница под вршник, качамак, кисело млеко) приготвена на традиционален начин, а можат да престојуваат во куќите на гостопримливите селани[8].

[уреди] Историја

 Од историјата...

Градот Крива Паланка (Егри Дере) е основан во 1634 година од Бајрам -Паша, везир на султанот Мурат I. Евлија Челебија ја опишува Крива Паланка, во својот Патопис од 1661 година, како град со околу 800 домаќинства. Во 1689 година во североисточниот дел на Македонија избувнува Карпошовото востание. Како центар на востанието градот бил слободен неколку месеци. И покрај стравичните последици Карпошовото востание има големо влијани врз понатамошното револуционерното движење. Луѓето од овој регион земаат активно учество во Илинденското востание кое започнува на 2 август 1903 година, но поради големата концентрација на турските сили востаничкото движење е во поограничени размер. По ослободувањето од Турците во 1912 година, регионот е под српска власт до 1915 година, а потоа под бугарска до 1918. Во 1918 година, Македонија и Крива Паланка станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во периодот помеѓу двете светски војни поради лошите економски и социјални услови се бележи масовна миграција на населението пред се во САД и Јужна Америка. Во овој период Крива Паланка ги добива првите доктори на наука, браќата Борис и Димитар Арсови кои докторираат на Сорбона. Во текот на II Светска Војна луѓето од овој крај земаат активно учество во борбата против фашизмот (139 загинати војници и 128 загинати цивили). По ослободувањето (8 Октомври 1994 година) и создавањето на македонска држава во склоп на Југославија, започнува нов период во развојот. Изградени се голем број на културни институции- градска библиотека, кино, Дом на културата, медицински центар, школи, фабрики, рудници итн. По референдумот од 8 септември 1991 година и осамостојувањето на Р.Македонија, Крива Паланка го доби првото повеќепартиско општинско собрание.

[уреди] Култура

Во Крива Паланка секоја година се одржуваат повеќе културни настани меѓу кои најзначајни се: Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“, Летна школа за архитектура и Фолкорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

[уреди] Ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“

Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“ за прв пат се одржала на 5 септември 1987 година. Колонијата се одржува секоја година од 5 до 20 септември и е со подршка на Неговото Високо Преосвештенство митрополитот полошко-кумановски, Господин Кирил. Во 1993 година колонијата се здобила со меѓународен карактер и во него земаат учество повеќе уметници од различни земји[9].

[уреди] Фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Фолклорниот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е фестивал со меѓународен карактер и се одржува на 28 и 29 август во Крива Паланка. До сега, се одржале две изданија на фестивалот и во него зеле учество повеќе фолклорни друштва од Македонија, Бугарија, Србија и Црна Гора[10].

[уреди] Архитектура

[уреди] Транспорт

[уреди] Спорт и рекреација

Во Крива Паланка се одржуваат неколку спортски настани, меѓи кои најпознати се спортските настани за планинарење и искачување на околните врвови. Најпознати спортски настани во Крива Паланка се:

  • Тромеѓа– традиционална средба на тромеѓето на граничната линија помеѓу Македонија, Србија и Бугарија, во атарот на с. Голеш, која што се одржува на 2 август (Илинден). Средбата е во организација на Планинарските друштва од трите општини Крива Паланка, Босилеград и Ќустендил што гравитираат на граничната линија, и е со учество на организации, установи и локални власти од трите страни[11].
  • Трансферзала Царев Врв. ПСД РУЕН, традиционално секоја година, во втората половина на јуни, веќе 25 години по ред, ја организира транферзалата Царев Врв, или искачувањето на Царев Врв (2085 м), Трансферзалата започнува од Крива Паланка, преку манастирот Св. Јоаким Осоговски оди кон месноста Љуљки, па Света Вода, Тошино боиште, ПТЦ Калин Камен, врвот Калин Камен, Алтн чешма и до врвот Царев Врв[12].
  • 4M – Меѓународна планинарска трансферзала. ПСД РУЕН, веќе неколку години по ред, во почетокот на месец мај, е организатор на меѓународната планинарска трансферзала 4М. Планинарската патека преставува дел од меѓународното поврзување со планинарски (tracking) патеки, според легендата од 11 век, за четворицата духовни браќа, пустиножителите Св, Јоаким, Св.Јован, Св.Прохор и Св.Гаврил. Патеката започнува од манастирот Лесново (Пробиштип), а завршува во Осоговскиот манастир (Кр.Паланка)[13].
  • РУЕН – Традиционална искачување на највискоиот врв на Осоговските планини РУЕН (2252 м). Искачувањето се организира во првата половина на месец Септември, а организатор е ПСД РУЕН. Искачувањето на РУЕН се одвива со вадења на дозвола, поради тоа што врвот на лоциран на граничната линија помеѓу Македонија и Бугарија[14].
  • Меѓународен турнир во Пинг – Понг. Турнирот се одржува на 8 октомври по повод ослободувањето на Крива Паланка. На турнирот учествуваат најдобрите играчи од до 18 години од балканските земји. Ова е една од најголемите спортски манифестации во регионот која според својот квалитет и масовност секоја година добива се поголема афирмација. И оваа година од 3-5 октомври ќе се одржи V-от по ред меѓународен турнир "Крива Паланка 2008" на кој ќе земат учество преку 150 играчи од Балканот во машка и женска конкуренција[15].

[уреди] Знаменитости

[уреди] Ноќен живот

[уреди] Личности

[уреди] Збратимени градови

Градот Крива Паланка е збратимен со градовите:[16]

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици