Јоаким Крчовски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јоаким Крчовски
македонски просветител
Роден околу 1750
Осломеј, Кичевско
Починал 1820
Крива Паланка


Корица на „Чудеса пресвјатија Богородици“, Буда, 1817 г.
Насловна страница на „Различна поучителна наставления“, Буда, 1819 г.

Јоаким Крчовски (1750-1820) — првиот македонски просветител, кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на XIX век, време во кое ширењето на христијанскиот морал било единствениот начин да се избегне исламизацијата [1].

Живот[уреди]

Јоаким Крчовски живеел и работел на преминот од XVIII во XIX век. Немаме податоци за неговото раѓање, времето и местото, како ни за смртта. Се претпоставува дека презимето го добил според турскиот назив за Кичево - Крчово и дека најверојатно бил родум од таму. Учителствувал во Паланка и Кратово и со тоа, тој е еден од првите наши манастирски учители.

Крчовски отпечатил пет книги:

  • „Слово исказаное заради умирание“, печатена 1814 г. во Будим и е анонимна, но според стилот и јазикот, му припаѓа нему. Тоа е првата книшка на народен македонски јазик, составена од проповеди наменети за воспитување во христијански дух.
  • „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, отпечатена исто 1814 г. во Будим. На насловната страна е даден податокот: списана от хаџи Јоаким даскала - од каде дознаваме дека бил учител во едно од манастирските училишта каде наставата се одвивала на македонски народен јазик.
  • „Сија книга глаголаемаја митарства“, 1818 г. во Будим. Тука дава уште податоци за себе - дека е монах и дека неговото презиме е Крчовски. Митарства е поголемо дело од 62 страници каде има апокрифни текстови за патувањето на човечката душа по смртта за да стигне во рајот. Оваа книга има верско-морализаторски карактер.
  • „Чудеса пресвјатија Богородици“, 1817 г. во Будим.
  • „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. во Будим. Оваа книга е најголема, со 310 страници и претставува зборник од различни слова со религиозно-поучен карактер.

Крчовски користел текстови од Евангелието и Стариот Завет за да ги поучи луѓето да го поправат својот карактер и да живеат според христијанскиот морал. Според него, пијанчењето е најголем грев, но и другите пороци: лакомството, суеверието, лажењето, крадењето итн. Тој е револтиран од социјалната нееднаквост на луѓето и ја велича наобразбата и учителите.

Неговите дела одиграле важна улога во верската и моралната просвета. Зацврстувањето на верата значело и зацврстување на националната свест. Неговите текстови не се со оригинална содржина, тоа се преводи или преработки на христијански текстови, но важно е тоа што се напишани на народен македонски јазик - на кратовско-кривопаланечки говор, со примеси од западните говори, и црковнословенски елементи. Затоа тие претставуваат почеток на новата македонска литература.


Слово заради завист (од „Различна поучителна наставленија“)

Темата на текстот е зависта како негативна човекова особина, а идејата - да се искорени тоа човечко зло. Композициски текстот има: воведен дел, изложување и заклучок. Во воведниот дел авторот го изнесува своето размислување за зависта, кое според него е лошо, одбивно и погубно чувство. Зависта ја нарекува - проклетија, мрска и погана, затоа што е извор на секое зло, не само на земјата туку и на небото. Изложување - во овој дел ќе образложи каде, кога и како се појавила зависта земајќи примери од „Библијата“. Според библиската легенда, таа прво се појавила меѓу ангелите. Еден ангел што светел како сонце му завидел на Бога, сакајќи и тој да поседува чудотворна моќ, но бидејќи не можел, од завист потемнел и станал црн ѓавол. За казна Бог го исфрлил од рајот и го фрлил во пеколот вечно да се мачи. Така се родила зависта, односно ѓаволот кој е нејзин симбол. Но, зависта не мирувала. Ѓаволот им завидел на Адам и Ева зашто уживале во рајот и за да им напакости се престорил во змија. Така, ја наговорил Ева да не го слуша Господ и да касне од плодот на сознанието. Тие биле казнети од Бога, протерани од рајот и станале смртни. Зависта била причина и за првото братоубиство на земјата - Каин го убил својот брат Авел заради завист. Оттогаш почнала да се лее крв на земјата. Во завршниот дел, Крчовски ги коментира овие примери и дава заклучоци, велејќи: „...Она учи да се не слуша заповед божја, братоубиствена мајка, смерти ходатаица, корен на сичко зло. Завист не е друго што, салт на срце печал, жалба...“

Работен век и дела на Јоаким Крчовски[уреди]

Првата страна на „Повест ради страшнаго и Втораго пришествија Христова“, Буда, 1814

]

Крчовски во својот работен век ја ширел верската просвета на народен јазик во кој употребувал црковнословенски елементи. Во неговото творештво се забележува продолжување на средновековната книжевна традиција, иако тој бил и под влијание на европското (пред се француското) просветителство, кои дошле преку влијанијата на Достиеј Обрадовиќ од Србија. Неговите дела се отпечатени во печатницата во Будим, а поради опасноста од елинизација тие биле силно помогнати и поддржани од македонскиот еснаф.

Прво дело на Јоаким Крчовски е „Слово заради свјато исповедание на сички христијани, на мужи и на жени“ (1814) кое е мало по обем и содржи две беседи со практична намена - свештениците да ги придобијат верниците за христијанската вера. Второто дело на Крчовски е „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“ (1814) кое било напишано на народен јазик (кратовско-кривопаланечки дијалект) и наменето за народот и во кое се зборува за второто Христово пришествие. Третата книга на Крчовски „Сија книга глаголемаја Митарства“ (1817) ги опишува „митниците“ (царинските премини) низ кои поминува душата на праведникот за да дојде во рајот. Четвртото дело се нарекува „Чудеса пресвјатија Богородици“. МАНУ оваа книга ја смета за прв превод на македонски јазик, бидејќи е грчки текст преведен на чист народен македонски јазик, кој и денес се зборува во Република Македонија. БАН, пак, книгата ја смета за превод на бугарски јазик, бидејќи на корицата пишува дека е преведена на болгарскиј јазик и „иждивением же православних христиан штипских и прочих градов болгарских”. Петотото и последно дело на Крчовски е „Различна поучителна наставленија“ (1819), кое е негово најобемно и најоригинално дело во кое се зборува за важноста на образованието и практикувањето на христијанската вера.

Крчовски е автор на пет книги кои се пред сè со религиозна содржина:

  • 1814 - „Слово исказаное заради умирание"
  • 1814 - „Повест ради страшнаго и Втораго пришествија Христова"
  • 1817 - „Митарства"
  • 1817 - „Чудеса пресвјатија Богородици"
  • 1819 - „Различна поучителна наставленија"

Наводи[уреди]

  1. Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година