Кавадарци
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Кавадарци | |
|---|---|
Мост на реката Луда Мара. |
|
| Mестоположба | |
Кавадарци на картата на Македонија |
|
|
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2) |
|
| Општи податоци | |
| Име: | Кавадарци |
| Поштенски бр.: | 1430 |
| Повикувачки бр.: | (+389) 043 |
| Автомобилска ознака: | VE |
| Мреж. место: | kavadarci.gov.mk |
| Историја | |
| Управа | |
| Држава: | |
| Општина: | Кавадарци |
| Градоначалник: | Александар Панов |
| Географија | |
| Надм. височ.: | 230 м |
| Население | |
| Население: | 39.188 |
| Образование: | |
| -основно: | 5 училишта
ооу,,Гоце Делчев ооу ,,Тоде Хаџи-Тефов ооу.,,Страшо Пинџур ооу ,,Тошо Велков-Пепето ооу ,,Димче Ангелов-Габерот И другите училишта под раководство на овие. |
Кавадарци е град во југо-западниот дел на Повардарието.
Се наоѓа во централна Македонија, поточно во Тиквешијата и е воедно и центар на Тиквешијата. Градот лежи на надморска восочина помеѓу 230 и 270 метри. Во него имаат влијание како континенталната, така и медитеранската клима, при што просечната годишна температура изнесува 13,5 С, (со летна температура преку 40 °С, а зимската и до минус 25 °C) За потеклото на името Кавадарци постојат многу легенди, најсакана е онаа за овчарот што си ја барал кравата, а научно гледано името доаѓа од новогрчкиот збор Кавадион - што значи скапоцена наметка. Кавадарци во пишани документи за првпат се споменува во 16-ти век. Но постоењето на многу манастири од 14-от, 15-от и 16-от век покажува дека населбата Кавадарче, Кавадарџик, Каварџик ... постои од порано. Првите световни училишта во Кавадаречко биле отворени во почетокот на 17-от век, во населбата Ваташа која денес е сврзана со градот Кавадарци била пренесена првата печатница на Балканот, во Кавадарци е создадена првата република на Балканот [се бара извор](многу порано од Крушевската, но пoради неспектакуларноста на создавање и поради престанувањето со работа, не многу позната во историјата). Во 1894 год. по иницијатива на Даме Груев е формиран комитет на ТМОРО кој е прв комитет во Македонија по Солунскиот. Од почетокот на 20-от век во Кавадаречко и Тиквешијата делуваат неколку револуционерни организации кои се бореле за осамосталување на Македонија од Османлијската, а подоцна и од српската окупација. На 19.06.1913 година, било дигнато востание и за кратко време биле ослободени Кавадарци, Ваташа, Неготино и голем број на села во Тиквешијата. Но, ова Тиквешко востание на крајот било задушено од српските окупатори и биле погубени околу 500 Тиквешани со што се забележува како најкрвавиот настан во историјата на овој регион. Во 1919 година е формирана комунистичката партија во Тиквешкиот регион и во периодот до завршувањето на втората светска војна е главен носител на револуционерното движење. Во втората светска војна до ослободувањето на 07.09.1944 год. Кавадарци даде 330 жртви од кој најболни останаа Дванаесетте Ваташки деца. Во војните при распаѓањето на СФРЈ, Кавадарци загуби свои синови како во Словенија така и во Хрватска.
Идеалните географско/метеоролошки услови овозможувале да Тиквешкиот регион се развива како земјоделски крај во кој се одгледуваат голем број на земјоделски култури. Во поново време се издвојува лозаропроизводството. Но, во овој регион, исто така, е познат и по тутунопроизводството (во периодот на шеесетите и седумдесетите години било произведувано и до 1.000.000 кг. тутун), а плантажите со афион и памук кои некогаш постоеле денес се минато. Со изградбата на браната на Црна река, кај Возарци и создавањето на акумулационото езеро Тиквеш се оди во правец на развивање на земјоделството, а со изградбата на металуршкиот гигант ФЕ-НИ се уништува еколошки чистата средина и несвесно се работи на уништување на овој земјоделски крај.
Содржина |
[уреди] Географија
Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Од Скопје Кавадарци е оддалечен 105 km, најблизок град е Неготино одалечено 10 km, а преку одличен пат Кавадарци е поврзано со Прилеп (51 km) кој продолжува кон Битола, Ресен и Охрид. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара на надморска височина од 230 до 270 метри.
[уреди] Население
Според пописот од 2002 година, во општина Кавадарци живеат 38741 жители и спаѓа во групата на средно-големи градови. Етничкиот состав на населението во градот е:
[уреди] Стопанство
Населението во градот, а воопшто и во целиот регион најмногу се занимава со лозарство. Најзначајни стопански објекти се Винарската Визба „Тиквеш“, Металуршкиот комбинат за фероникел „ФЕНИ“, тутунскиот комбинат „Алајанс Уан Македонија АД“, фабриката „Металекс“, а во поново време во огромен подем се и многуте приватни винарии и винарски визби.
[уреди] Историја на Кавадарци
Населбата Кавадарци прв пат е спомената во турски документи од 1823 година. Во документот Кавадарци е спомнат како мала населба (“касаба“) со околу 2.000 жители во крајниот источен дел на тогашниот Битолски Вилает. Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуват дека овде постоела населба уште во античко време и во Средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешко езеро.
[уреди] Надворешни врски
- „Кавадарче“ - портал на Кавадарци и Тиквешијата
- Портал за град Кавадарци
- „Жолта“ - портал од Кавадарци
|
|||||||