Киро Атанасовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киро Атанасовски
Роден на 1923
Роден во Кавадарци, Кралство СХС
Починал на 7 април 1944
Починал во Кавадарци,
Македонија
Професија ковач

Член на КПЈ од 1941.

Споменик во Кавадарци на местото на загинување на Киро Крстев и Димче Мирчев

Киро Крстев Атанасовски Налбатот познат по псевдонимот Страшо (Кавадарци, 1923 - Кавадарци, 7 април 1944) — македонски комунист, учесник во Народноослободителната борба.[1][2] Со указ на Президиумот на Собранието на Федеративна Народна Република Југославија на 20 декември 1951 година бил прогласен за народен херој на Југославија.[3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Киро Атанасовски е роден е во 1923 година во Кавадарци. По завршувањето на основното училиште, завршил три класа во граѓанското училиште. Поради паралелната работа во ковачницата на неговиот татко Крсто, Киро морал да го прекине школувањето. Тоа го работел се' до пред Втората светска војна. Првпат бил апсен на 17 години, кога веќе бил член на СКОЈ. Се дружел со напредна младина. Потоа се придружил на младинското револуционерно движење и во 1940 година станал член Сојузот на комунистичката младина на Југославија. Полицијата го забележала неговото дејствување, па затоа бил брзо уапсен и по некое време бил пуштен. Станал член на КПЈ во пролетта 1941 година.

По започнувањето на окупацијата, ковачката работилница на неговиот татко му служела за одржување на врски со селаните преку кои го растурал илегалниот материјал. Учесник во Народноослободителната борба станал во 1941 година. Во 1942 станал член на Месниот комитет на КПЈ за Кавадарци. Од летото 1942 до крајот на 1943 година делувал како професионален партиски работник. Поради успехот на организирањето на Народноослободителното движење и одржувањето на врските со Тиквешкиот партизански одредДобри Даскалов“, во почетокот на 1943 година станал член на Областниот комитет на КПЈ за Тиквеш.

Во почетокот на април 1944 година, по директива на КПЈ, кога илегално заминал за Кавадарци заедно со Димче Мирчев, секретар на Обласниот комитет на КПМ за Кавадарци, успеал да организира излез од градот на шеесет нови борци за Втората македонска ударна бригада. Вечерта на 7 април 1944 година, бугарската полиција ја опколила куќата во источниот дел на градот, во која се наоѓале Киро и Димче Мирчев. Поради тоа што одлучиле да не се предадат, пружале силен отпор на непријателите седум часа додека имале муниција, некаде до два часот по полноќ. Потоа двајцата се самоубиваат.

Во негова чест и во чест на Димче Мирчев е испеана песната „Димче и Киро Налбатот“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 43
  2. „Македонска енциклопедија (книга прва)“. МАНУ, Скопје, 2009.
  3. „Народни херои на Југославија“, „Младост“, Белград, 1975.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]