Иван Мазов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иван Мазов (7 јануари 1923 во Кавадарци15 февруари 1977 во Рогашка Слатина, Словенија) — македонски раскажувач, театарски критичар и публицист.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил Висока политичка школа во Белград. Работел како театарски критичар во весникот „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1972 година. Автор е на книгите: Додека топовите пукаат (раскази, 1958), По трагите на Евлија Челебија (патописна проза, 1978), а неговите Избрани дела во шест книги се објавени во 1982 година. Добитник на наградите: „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, „Крсте Мисирков“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 144.
  2. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 817. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.