Дабниште

Координати: 41°22′03″N 21°59′51″E / 41.36750° СГШ; 21.99750° ИГД / 41.36750; 21.99750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дабниште

Куќи во селото Дабниште

Дабниште во рамките на Македонија
Дабниште
Местоположба на Дабниште во Македонија
Дабниште на карта

Карта

Координати 41°22′03″N 21°59′51″E / 41.36750° СГШ; 21.99750° ИГД / 41.36750; 21.99750
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Витачево
Население 10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1430
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11012
Надм. вис. 420 м
Слава Голема Богородица
Дабниште на општинската карта

Атарот на Дабниште во рамките на општината
Дабниште на Ризницата

Дабниште — село во Општина Кавадарци, во областа Витачево, во околината на градот Кавадарци.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од „дабовата гора“, која постоела во околината на селото.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, односно јужно од градот Кавадарци, недалеку од патот што води во областа Витачево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 420 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 9 километри.[3]

Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 328,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 351,9 хектари, а на шумите 121,2 хектари.[3]

Селото е од линиест карактер, поделено на три маала, Горно, Средно и Долно Маало.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото било христијанско од чифлички тип. Во него биле сместени две беговски кули во турско време. Поголемиот дел од населението се доселеници.[2]

Во XIX век, Дабниште било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948278—    
1953288+3.6%
1961281−2.4%
1971249−11.4%
1981106−57.4%
ГодинаНас.±%
199147−55.7%
199443−8.5%
200227−37.2%
202110−63.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дабниште имало 203 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дабниште имало 208 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Селото е мало, на пат за целосно раселување. Така, во 1961 година броело 281 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 43 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Дабниште имало 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 6 Македонци и 4 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 203 208 278 288 281 249 106 47 43 27 10
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Дабниште се споменуваат:[2]

  • Старинци: Ѓоровци (1 к.). и Атанасовци (4 к.)
  • Доселеници: Шалевци (1 к.) доселени се од селото Бегниште. Подалечно потекло од Мариово; Бакевци-Митревци (1 к.) доселени се од селото Ваташа, уште подалечно потекло од селото Пепелиште; Крачевци-Ајазовци (5 к.) доселени се од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од областа Азот; Сејменовци (1 к.) доселени се однекаде; Мирчевци (1 к.) доселени се од селото Врпско во Мариово; Барамачовци (3 к.) доселени се од селото Полчиште во Мариово на почетокот од XIX век. Во тоа време некои од нив се иселиле и во селото Бегниште. А имаат роднини и во селото Полчиште; Грковци (4 к.) доселени се од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од околината на Бер во Грција; Колчевци (2 к.) доселени се од селото Конопиште; Илевци (1 к.) доселени се во 1860 година од селото Кошани, таму се доселиле од селото Бегниште. А во Бегниште од некое село во Азот; Бакарјовци (3 к.) доселени се во 1870 година од селото Гарниково, а таму од некое село во Азот; Туковци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Клиново во Мариово; Левовци (3 к.) доселени се исто така од селото Клиново; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Добротино; Сакалијовци (1 к.) доселени се од селото Рожден во Мариово; Миндевци (2 к.) доселени се од селото Зборско во Меглен; Ицковци (1 к.) доселени се од селото Добротино; Ставровци (2 к.) доселени се од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од Мариово; Мајсторовци (3 к.) доселени се од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од селото Бегниште.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Дабниште се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“, која потекнува од XIII век

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[16]
  • Грамаѓе — населба од римското време;
  • Желковица — некропола од римското време; и
  • Куќиште — населба и некропола од римското време.
Цркви[17][18]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 428-429. |access-date= бара |url= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 91. Посетено на 13 февруари 2018.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 февруари 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 јануари 2018.
  14. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-24. Посетено на 29 јануари 2018.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 146. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 5 февруари 2018.
  19. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]