Зборско

Координати: 41°4.4′N 22°5.5′E / 41.0733° СГШ; 22.0917° ИГД / 41.0733; 22.0917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зборско
Πευκωτό
Зборско is located in Грција
Зборско
Зборско
Местоположба во областа
Зборско во рамките на Меглен
Зборско
Местоположба на Зборско во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°4.4′N 22°5.5′E / 41.0733° СГШ; 22.0917° ИГД / 41.0733; 22.0917
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно?
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Зборско или Сборско (грчки: Πευκωτό, Певкото; до 1926 г. Σμπόρτσκο, Сборцко[2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Престанало да постои во 1947 г. и неговото население, кое е чисто македонско, денес живее на друго место близу Северјани, но ги користи имотите во него.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во северниот во подножјето на планината Пиново, која е дел од Кожуф. Лежи 5 км северно од С’ботско.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во османлиските дефтери на христијанското население од Воденскиот вилает за 1619-20 г. селото е заведено како Исборине со 45 даночни домаќинства.[4]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Зборско (Sborsko) било село во Воденската каза со 212 куќи и вкупно 1.346 жители Македонци.[5][6]

Во 1893 г. во Зборско проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Зборско живееле 880 Македонци христијани.[5][8]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зборско (Sborsko) имало 1.200 Македонци под Бугарската егзархија и работело бугарско училиште.[5][9] Според срспкиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 260 македонски куќи.[3]

Потпаѓање под Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.102 жители.[3] Во текот на Првата светска војна селото било на фронтовата линија и затоа е иселено од бугарските воени власти. Голем дел од жителите биле сместени во Тиквешијата, а помал дел во Бугарија.[3] По војната во Зборско се вратиле само мал број жители, кои го обновиле. На пописот од 1920 г. селото имало само 172 жители. Во 1924 г. во Бугарија заминале уште 22 лица. Во 1928 г. Зборско имало 189 жители кои во 1940 г. се зголемиле на 292.[3]

Во НОБ и Граѓанската војна[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна ова село станало база на грчката полиција. Во текот на војната германските единци го запалиле и го срамниле со земја. На 2 август 1944 г. во месноста Влашки Колиби во близина на селото е основана 5. македонска ударна бригада, а на 22 август биле основани и и 7. и 10. македонска ударна бригада.

За време на Граѓанската војна, зимата 1947 г. грчките власти присилно го иселиле населението на Зборско во селата Северјани и Невор. По војната жителите не се вратиле, туку државата им изградила сопствено маало крај патот од Северјани за Зборско. Во 1951 г. старата населба во планината е заведена како напуштена, а во 1961 г. новоизградената населба близу Северјани е попишана со 198 лица. Бројот на нејзините жители постоепено почнал да се накачува, за во 1991 г. да достигне 268 жители. Во понатамошните пописи населбата не се брои како одделна, а изворното село е отпишано. Сепак, познато е дека населението и понатаму ги користи своите имоти во старото село.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 292 0 198 228 244 268
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Иако е преселено на друго место, населението го користи имотот во своето село за сточарство, но и за земјоделство.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Зборско
  • Митре Шпинтов — револуционер, гевгелиски војвода на ВМРО[10]
  • Стојан Црвенаков — револуционер, деец на ВМРО, починал пред 1918 г.[11]
Починати во Зборско
  • Лука Иванов (1867 – 1906) — револуционер, војвода на ВМРО
  • Кара Ташо (? – 1906) — револуционер
  • Тодор Тетовчето (? – 1901) — револуционер од ВМРО, четник на Михаил Попето[12]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Голем број од населението на ова село се има иселено во Тиквешијата. Иселеници има на следните места во Тиквешијата. Праведник (Митревци), Кошани (Рочковци и Димовци), Бунарче (Прдиновци, Биџовци, Гоцомановци, Грижовци, Џамбазовци и Думовци-Терзијовци), Радња (Ристовци, Ѓошевци и Мурџевци), Вешје (Ристовци и Голчевци), Долна Бошава (Данчевци, Димковци, Афковци, Ичковци, Танчевци, Бешировци и Аџијовци), Клисура (Доровци), Дрен (Чакревци), Копришница (Мурџевци), Дабниште (Миндевци), Гарниково (Ристовци, Петковци и Атанасовци), Бојанчиште (Кајчевци, Џамбазовци, Чипковци, Гицаловци, Шикуревци, Кабрановци, Палиќовци, Чакревци-Дарамановци, Чоклевци, Гоџомановци, Ѓоргевци, Димковци, Рашевци, Лапчевци, Ѓуновци, Афковци, Самарџијовци и Рускуфци), Брушани (Поп-Андоновци и Кречовци), Страгово ( Ташковци, Топлевци, Ѓауровци, Јанковци и Ачковци), Чемерско (Чакревци, Попадичини и Костевски) и во Горна Бошава (Деловци).[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σμπόρτσκο -- Πευκωτό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 99.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 270.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  7. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 149. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  10. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 193.
  11. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98.
  12. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 64, 96
  13. . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)