Институт за национална историја
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Институтот за национална историја е основан со Уредба на Владата на НР Македонија од 22 јули 1948 година, со основна задача да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од 1965 година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во Скопје. За прв директор е именуван Митко Зафировски, а денешен директор на Институтот е Тодор Чепреганов.
ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка дејност, издавачка дејност и последипломските и докторските студии.
Содржина |
[уреди] Одделенија
Научноистражувачката дејност Институтот ја врши преку седум постојни одделенија:
- Одделение за античка и средновековна историја на Македонија (до 1371 година)
- Одделение за историјата на Македонија во време на османско-турското владеење (до почетокот на 19 век)
- Одделение за проучување на периодот на преродбенското и националноослободителното движење во 19 век до 1912 година
- Одделение за историјата на македонскиот народ (1913-1941)
- Одделение за историјата на македонскиот народ (1941-1991)
- Одделение за историјата на малцинствата на Балканот и иселеништвото
- Балканолошко одделение
Од 1957 година Институтот издава научно списание „Гласник”.
[уреди] Поранешни директори
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Видете исто така
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
