Попово Село (Ениџевардарско)

Координати: 40°53.22′N 22°13.30′E / 40.88700° СГШ; 22.22167° ИГД / 40.88700; 22.22167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Попово Село
Ποποβοσέλο
Попово Село is located in Грција
Попово Село
Попово Село
Местоположба во областа
Попово Село во рамките на Постол (општина)
Попово Село
Местоположба на Попово Село во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.22′N 22°13.30′E / 40.88700° СГШ; 22.22167° ИГД / 40.88700; 22.22167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Попово Село (грчки: Ποποβοσέλο) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во југозападните падини на планината Пајак, северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и околу 5 км југоисточно од Тодорци.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Попово Село било село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Попово Село броело 55 жители, сите Македонци христијани.[2][3] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Попово Село живееле 32 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија Симовски го наведува Мишев, т.е. Бранков со 80 жители).[1][4]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во 1912 г. селото е окупирано од грчка војска. Регистрирано е како населба со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го заведува со 7 македонски куќи.[1] Обата извора имаат малку застарени податоци, бидејќи се смета дека населението се иселило од Попово Село уште во 1911 г., прибирајќи се во повеќе села — четири семејства во Тодорци, две во Бабјани и едно во Свети Илија. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е заведено како веќе напуштена населба.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 97.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 102 – 103.