Ново В’дришта

Координати: 40°49.7′N 22°21.18′E / 40.8283° СГШ; 22.35300° ИГД / 40.8283; 22.35300
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново В’дришта
Νέα Πέλλα
Ново В’дришта is located in Грција
Ново В’дришта
Ново В’дришта
Местоположба во областа
Ново В’дришта во рамките на Постол (општина)
Ново В’дришта
Местоположба на Ново В’дришта во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°49.7′N 22°21.18′E / 40.8283° СГШ; 22.35300° ИГД / 40.8283; 22.35300
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.983
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ново В’дришта (грчки: Νέος Μυλότοπος, Неос Милотопос) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.983 жители (2011). Иако е новосоздадена, ова сепак е етнички мешана населба поради доведувањето на македонско население од повисоките села.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Солунското Поле на 7 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја[уреди | уреди извор]

Основано е во 1924 г.[3] од Грци преселени од Турција, претежно од источнотракиското село Ќурумџе[4] и нешто од Мала Азија.[3] Во 1928 г. е попишано заедно со В’дришта, со вкупно 1.098 жители, а како одделна населба почнува да се води во 1940 г. кога се заведени 995 лица.[3] Во 1951 г. во Ново В’дришта се попишани 1.119 жители, накачувајќи се на 1.240 во 1961, за во 1971 г. да се смали на 1.116 лица.

Доведување на македонско население[уреди | уреди извор]

Во 1970-тите етничката слика на селото се променила, кога властите решиле речиси насила да ги иселат планинските Корнишор и Радомир, и да го доведат нивното македонско население во Ново В’дришта за негово полесно контролирање и асимилација.[2] Со вселувањето на донесените Македонци во новоизградените домови од државата, населението на селото се зголемило. Така, во 1981 г. населението се накачило на 1.771, во 1991 г. на 2.071,[3] достигнувајќи 2.605 жители во 2001 г., па намалувајќи се на 1.983 жители во 2011 г.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.119 1.240 1.116 1.771 2.071 2.605 1.983
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото важи за прилично богато поради високите приноси на овошје, жито, памук и бостан и други култури, а развиено е и краварството.[3] Се одгледуваат и овци и кози, кои жителите дојдени од Корнишор и Радомир ги напасуваат во атарите на нивните стари села.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71–72.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.
  4. Ново В’дришта на порталот на поранешната општина Кир (грчки)