Кониково

Координати: 40°51.29′N 22°31.48′E / 40.85483° СГШ; 22.52467° ИГД / 40.85483; 22.52467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кониково
Δυτικό
Старата и новата црква
Старата и новата црква
Кониково is located in Грција
Кониково
Кониково
Местоположба во областа
Кониково во рамките на Постол (општина)
Кониково
Местоположба на Кониково во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°51.29′N 22°31.48′E / 40.85483° СГШ; 22.52467° ИГД / 40.85483; 22.52467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПостол
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно454
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.58005
Повик. бр.23820

Кониково (грчки: Δυτικό, Дитико; до 1950 г. Στίβα или Στοίβα, Стива;[2] до 1926 г. Κονίκοβο, Кониково[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 454 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[4]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во северозападниот крај на Солунското (или Пазарското Поле), на 20 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Кониково е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Кониноно како македонско село.[5][6]

Селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. се уапсени главешините на неколку пазарски села и од нив е побарано рачателство дека се доверливи, кое би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги придобие селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково, и да ги стави под грчката црква — Цариградска патријаршија.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кониково имало 170 жители Македонци.[8][9]

Подоцна селото повторно прешло под вровенството на егзархијата и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кониково имало 200 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[8][10]

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Кониково, 16 /III, 1¾ ч. од Ливадица. Вкупно 13 бугарски егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, бубарство и лозарство. Во секоја куќа живеат по две-три брачни двојки. Од Патријаршијата се откажало пред 20 години. Црквата, отворена, не поседува ништо. Училиштето е двокатно (вакуф), со две простории таваносани и добро осветлени. Училницата има големина од 6×5×3 метри.[8][11]

По податоци на егзархијата во 1910 г. Кониково било чифлигарско село со 27 семејства од вкупно 129 жители Македонци и една црква.[8][12]

Истата 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Κονίκοβον) имало 120 егзархисти.[13][14]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во 1912 г. Кониково е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 130 жители, од кои 68 мажи и 62 жени. Во 1920 г. населението броело на 126 жители.[4] Во 1924 г. грчките власти присилно ги иселиле 121 жител во Бугарија.[4] Одземени се 16 имоти на преселени жители.[14]

Во 1926 г. селото е преименувано во Стива,[15] а во 1950 г. во Дитико. Во селото се доселени грчки колонисти, а 15 македонски семејства се иселени во Горен Воден (денес во Асеновград) и Пловдив.[16] Според пописот од 1928 г. Кониково било етнички мешано село со 402 дојенци (120 семејства).[17]

Во 1940 г. Кониково имало 589 жители и продолжило да расте сè до извесен пад во 1960-тите, по што бројот на населението останал устојчив.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 589 660 600 419 437 476 477 454
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е полупланинско и релативно пасивно. Се одгледуваат жито, памук и тутун, а се прават и сточарски преработки.[4]

Личности[уреди | уреди извор]

Насловна страница на Кониковското евангелие на Павел Божигропски од 1852 г. — познат преродбенички текст на народен јазик со грчко писмо.
Родени во Кониково
Починати во Кониково
  • Иван Љатев (? – 1905) — револуционер, деец на ВМОРО, убиен кај селото во април 1905 г.[18]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Στοίβα -- Δυτικόν
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κονίκοβον -- Στοίβα
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71.
  5. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.
  7. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  11. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 85.
  12. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  13. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  14. 14,0 14,1 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 5 август 2019.
  15. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр. 94
  17. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  18. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 135, ISBN 9549514560

Надворешни врски[уреди | уреди извор]