Врежот

Координати: 40°41.15′N 22°18.19′E / 40.68583° СГШ; 22.30317° ИГД / 40.68583; 22.30317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Врежот
Άγιος Λουκάς
Врежот is located in Грција
Врежот
Врежот
Местоположба во областа
Врежот во рамките на Постол (општина)
Врежот
Местоположба на Врежот во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°41.15′N 22°18.19′E / 40.68583° СГШ; 22.30317° ИГД / 40.68583; 22.30317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостолски
Општ. единицаПласничево
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.013
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.58300
Повик. бр.23820

Врежот или Вреж (грчки: Άγιος Λουκάς, Агиос Лукас; до 1926 г. Βρες, Врес[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.013 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Роми, а денес има македонско малцинство и грчко дојденско мнозинство.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Солунското Поле, 10 км северозападно од Пласничево и 10 км јужно од Воден.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Врежот бил село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Врежот живееле 160 Македонци и 210 Роми.[4][5] Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Врежот (Vrejot) имало 200 Македонци под патријаршијата.[4][6]

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Карајотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 330 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 268.[3] Во 1924 г. Ромите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место не биле доведени колонисти поради маларичноста на местото, сместено на брегот блатното Ениџевардарско Езеро. Во 1926 г. името на селото е сменето во Агиос Лукас, во превод Свети Лука.[8] Затоа, во 1928 г. во Врежот се попишани 158 жители, сите Македонци.[3] Во следниот период, по исцедувањето на езерото и мелиорацијата на почвата, во селото се населени голем број грчки колонисти, на кои им е доделена ослободената земја.[3]

Во 1940 г. Врежот имал 613 жители кои во 1951 г. се накачиле на 1.133 поради поволните стопански услови.[3] Населението достигнало 1.555 жители во 2001 г. за да се намали на 1.013 на пописот од 2011 г.

Цркви[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 613 1.133 1.086 1.053 1.290 1.555 1.013
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има плодна почва која целосно се наводнува. Главни проиводи се овошјето (со големи насади на праски и јаболка, памукот, житото, а се одгледуваат и расни крави.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Христо Георгиев — борец во Балканските војни[11]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρες -- Άγιος Λουκάς
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 65.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 146.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 102-103.
  7. Παπαλαζάρου, Ιωάννη (2007). Ο Μακεδονικός Αγώνας στην περιοχή των Γιαννιτσών. стр. 92–93.
  8. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Άγιος Λουκάς“. Δήμος Πέλλας. Посетено на 8 јануари 2016.
  10. „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 574. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
  11. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 172.