Балџа (Ениџевардарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Балџа)
Балџа
Μελίσσι
Балџа is located in Грција
Балџа
Балџа
Местоположба во областа
Балџа во рамките на Постол (општина)
Балџа
Местоположба на Балџа во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.27′N 22°21.11′E / 40.77117° СГШ; 22.35183° ИГД / 40.77117; 22.35183Координати: 40°46.27′N 22°21.11′E / 40.77117° СГШ; 22.35183° ИГД / 40.77117; 22.35183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.087
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Балџа или Бал’џа (грчки: Μελίσσι, Мелиси; до 1926 г. Μπαλίτζα, Балиѕа или Μπαλίτσα, Балица[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.087 жители. До 1936 г. било населено со Македонци, кои денес се околу една четвртина од населението.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено околу 5 км југоисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Воден.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Балџа броела 94 жители Македонци и 30 Роми.[4][5]

Цялото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Балчор (Baltchore) имало 120 Македонци под патријаршијата (грчката црква).[4][6]

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Карајотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 103 жители, кои во 1920 г. се намалиле речиси напола на 64 лица.[3] Во 1926 г. е преименувано во Мелиси. Селото не напрадувало и силно страдало од маларија поради близината до Ениџевардарското Блато и затоа било малубројно и во него се доселени само малку грчки колонисти. Во 1928 г. селото имало 54 жители, од кои 12 биле дојденци (4 семејства).[8] По исушувањето на блатото во 1930-тите се добила здрава клима и плодно земјиште, па затоа властите доселиле поголем број грчки колонисти од Понд и Мала Азија, кои првично биле сместени по попасивните села.[3]

Во 1940 г. Балџа броела 407 жители кои веќе во 1951 г. пораснале на 700,[3] веројатно поради поволните услови создадени од ослободеното земјиште. Во 1971 г. е забележан пад на 470 жители, но веќе следното десетлетие селото повторно пораснало на 879 жители и продолжило да се развива до денес.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 407 700 711 470 881 879 983 1087
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото се смета за богато бидејќи лежи во поле кое речиси целосно се наводнува. Се произведува овошје и памук, а се одгледуваат и млечни крави.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπαλίτζα -- Μελίσσι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63–64.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  7. Παπαλαζάρου, Ιωάννη (2007). Ο Μακεδονικός Αγώνας στην περιοχή των Γιαννιτσών. стр. 92–93.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.