Цариградска патријаршија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вселенска Патријаршија
Οἰκουμενικὸν Πατριαρχεῖον Κωνσταντινουπόλεως
Byzantine eagle.JPG
Основач Апостол Андреј
Независност 330 година
Признавање Православие
Поглавар Архиепископ на Константинопол - Новиот Рим и Вселенски Патријарјх
Седиште Константинопол (денешен Истанбул)
Територија Константинопол, поголем дел од Турција, Света Гора, Крит, дел од северна Грција, Додеканез,
Власт
Јазик грчки, англиски, француски, шпански, турски
Верници
Портал http://www.ec-patr.org/


Цариградската патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија (грчки: Οἰκουμενικὸν Πατριαρχεῖον Κωνσταντινουπόλεως, Oikoumenikòn Patriarcheîon Kōnstantinoupóleōs; турски: Rum Ortodoks Patrikhanesiе [1][2]) е една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот.

Моментален патријарх и духовен лидер[3] на околу 300 милиони православни христијани во светот[4] е Вартоломеј I.

Создадена е откако е расцепена Римската Империја (395 г.) на чело со епископ, а од 451 г. од патријарх. Во 596 година патријархот се прогласува за Вселенски патријарх.

После паѓањето на Цариград под османска власт (1453 г.) на цариградскиот патријарх му е дадено правото да биде духовен водич на сите источни (словенски) христијани во пределите на империјата.

Во првите векови на османското владеење, Цариградската Патријаршија игра улога на потпомагач на црковното и училишното дело во Османската Империја и противдејствува на некои од обидите на исламот за потурчување на одделни региони на Балканот.

Од 18 век и почетокот на 19 век таа започнува да се представува како грчка, со што се стреми кон грцизирање на негрчкото христијанско население во империјата.

Цариградската Патриаршија ја представува црковна и училишна дејност во Македонија и Одринско, кои после Берлинскиот договор од 1878 г. одново се под османската власт. Таа ги поткрепува и грчките и српските области, но не ја признава автокефалноста на бугарската црква.

Наводи[уреди]

  1. Ortaylı, İlber (2003). "Osmanlı Barışı", p. 14. ISBN 975-6571-50-0.
  2. In Turkey it is also referred to unofficially as Fener Rum Patrikhanesi, "Greek Patriarchate of the Phanar"
  3. „In Moscow, Orthodox Christian churches draw closer“. Reuters. 25 мај 2010. http://www.reuters.com/article/idUSTRE64O4OD20100525. конс. 11 јули 2010. 
  4. „The Patriarch Bartholomew“. „60 Minutes“. CBS. 20 декември 2009. http://www.cbsnews.com/video/watch/?id=6001717n. конс. 11 јануари 2010.