Православна црква во Америка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Православна црква во Америка
Orthodox Church in America

Основач
Независност 1970
Признавање признаена од Руската, Бугарската, Грузиската, Полската и Чешката црква
Поглавар Митрополит Јохан
Седиште Њујорк, САД
Територија САД, Канада
Власт Мексико, Австралија
Јазик англиски, старословенски
Верници 450,000–1,000,000 (est.)
Портал The Orthodox Church in America

Американската Православна црква (англиски: Orthodox Church in America) е афтокефална црква која се наоѓа на петнаесеттото место во православниот свет со ранг на патријаршија.

Православната црква во Америка во 1970 година добила афтокефалност од страна на Руската Православна црква. Денеска, оваа афтокефалност е признаена од страна на Руската, Бугарската, Грузиската, Полската и Чешката црква. Од страна на Цариградската, Антиохиската, Александриската, Романската, Ерусалимската, Кипарската, Грчката и Албанската црква, таа не е признаена.

Денеска црквата се смета како составен дел од Руската црква.

Нејзините манастири и цркви се наоѓаат главно на територијата на САД и Канада, иако има неколку кои се наоѓаат во Мексико и Австралија. Бројот на верници, се претпоставува дека е околу 1.000.000 луѓе.

Седиштето на црквата се наоѓа во Њујорк, САД.