Александриска патријаршија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александриска патријаршија
Πατριαρχεῖο Ἀλεξανδρείας καὶ πάσης Ἀφρικῆς

Основач Свети Марко
Независност Апостолска ера
Признавање Православие
Поглавар Теодор II
Седиште Александрија и Каиро во Египет
Територија Египет, Судан, Либија, Етиопија, Уганда, Кенија, Танзанија
Власт None
Јазик грчки, арапски, англиски, француски и неколку афрички дијалекти
Верници ~250,000 - 300,000 во Египет+ ~1,200,000 во Африка
Портал Greek Patriarchate of Alexandria (Official site)


Александриската Православна црква (грчки: Πατριαρχεῖο Ἀλεξανδρείας καὶ πάσης Ἀφρικῆς) е помесна афтокефална црква, која во православниот свет се наоѓа на второто место со ранг на патријаршија.

Според легендата, црквата била основена од страна на Свети Марко. Од 451 година, Александриската црква има ранг на патријаршија, и била трета по важност во христијанството, веднаш по црквите во Рим и Константинопол. Но кон крајот на 5 и почетокот на 6 век, црквата била ослабнета поради појавата на монофизитството. Во 6 век започнала арапската инвазија, која дополнително допринело за намалување на важноста на црквата. Подоцна, територијата на Александрија паднала под власта на Османлиите, каде се нашла под јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Од оваа патријаршија произлегле голем број на светци, меѓу кои најпознати се: Свети Атанасиј Велики и Кирил Александриски, потоа теолозите како Климент Александриски и Ориген.

Денеска црквата се занимава главно со мисионерска дејност, главно во Кенија, Танзанија и Уганда. Од 2004 година, патријарх на Аклександриската црква е Теодор II.