Кирил Александриски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Кирил Александриски
Патријарх на Александрија
Црква Александриска црква
Од 426
До 427
Претходник Теофил
Наследник Диоскор
Лични податоци
Занимање Патријарх на Александрија

Свети Кирил Александриски (роден во 376 - починал во 444) е христијански светец и Патријарх на Александрија во периодот од 412 до 444 година.

По потекло Кирил Александриски бил благородник и близок роднина на Теофил Александриски, по чија смрт самиот бил посветен за патријарх. За време на својот живот водел три големи борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј Константинополски и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанале во Рим, а така биле наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееле со својата добродетел, оделе облечени во бела облека, им забранувале на другите брак и сметале дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во црквата оној кој еднаш отпаднал, колку и горко да се кае[1].

Кирил нив успеал да ги победи и да ги протера од Александрија. Борбата со евреите била многу потешка и покрвава. Евреите во градот Александрија се засолниле уште од времето на Александар Македонски. Нивната омраза кон христијаните била бесна и подмолна. Тие ги убивале христијаните безмилосно и подло и ги распнувале на крст. По долга и тешка борба Кирил издејствувла кај императорот Теодосиј II да се протераат eвреите од Александрија. Неговата борба против Несториј Константинополски, ја решил Третиот Вселенски Собор во Ефес. Со тој собор претседавал самиот Кирил, истовремено застапувајќи го и Римскиот Папа Целестин I, на негова молба, бидејќи тој од старост не можел присуствува на соборот. Несториј билл осуден, анатемисан и од царот прогонет на источната граница на империјата, каде подоцна починал. Починал во 444 година. Се смета дека тој ја составил „Богородице Дево, радувај се!

Наводи[уреди]