Трет вселенски собор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трет вселенски собор
Дата 431
Прифатен од Римокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие, Англиканство, Древноисточни цркви, Лутеранство
Претходен собор Прв константинополски собор
Следен собор Четврти вселенски собор
Свикан од Император Теодосиј II
Заседаван од Кирил Александриски
Присуство 200-250
Тема на дискусија Несторијанство,
Документи и извештаи Симбол на верата
Хронологија на одржување

Третиот вселенски собор (грчки: Η Γ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Σύνοδος της Εφέσου - Собор во Ефес) бил одржан во Ефес, Мала Азија, од 22 јуни до 30 јули 431 година, во црквата посветена на Пресвета Богородица. Во истата црква подоцна се одржал и уште еден собор (449 година) кој го добива називот Расколнички собор, соодветно на неговиот карактер.

Третиот вселенски собор бил свикан од императорот Теодосиј II (408-450) со цел да се даде одговор на несторијанската ерес, која неколку години предизвикувала немири во црквата, бидејќи Несториј Константинополски сметал дека и божествената и човечката природа на Христос треба да имаат по една личност. Отците на Третиот Собор го отфрлиле неговото учење со кое би се внесувала поделба во едната Личност на Господ Христос. На овој собор било потврдено дека Исус Христос е една Личност со две природи: со божествена природа – од вечноста, од Отецот, и со човечка природа – која ја примил во времето, од Пресвета Богородица. Несториј уште говорел дека Дева Марија не го родила Исус, туку го родила човекот Исус и затоа не го прифаќал името Богородица, а ја нарекувал човекородица или Христородица[1].

Во работата на Соборот присуствувале 153 епископи.

Наводи[уреди]

  1. Давитковски, Петар (1987). „Историја на христијанската црква II дел“. Скопје: Скопје.