Шести вселенски собор
| Шести вселенски собор | |
| Дата | 680-681 |
|---|---|
| Прифатен од | Римокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие |
| Претходен собор | Петти вселенски собор |
| Следен собор | Римокатоличка: Седми вселенски собор Православие: Трулски собор |
| Свикан од | Император Константин IV Погонат |
| Заседаван од | Ѓорги Константинополски Папа Агатон |
| Присуство | околу 300 |
| Хронологија на одржување | |
Шестиот вселенски собор (грчки: Η ΣΤ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Τρίτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης - Трет константинополски собор) бил одржан во Константинопол од 7 ноември 680 до 16 септември 681 година. Соборот бил свикан од страна на императорот Константин IV Погонат, и одржан во царскиот двор, во свечена сала со куполи (τρουλλος), и поради тоа е наречен и Трулски собор.
Римскиот Епископ Агатон бил претставен преку три пратеника. Соборот бил свикан за да се даде одговор на монотелитската ерес, која се појавила во времето на Ираклиј I (610-641 г.) а била формулирана од страна на патријархот Сергиј и прифатена од римскиот Епископ Хонориј. Според тоа учење, познато и како Ектесис, Господ Исус Христос има две природи, а после Воплотувањето има само една волја (монотелитизам) или едно дејство (моноенергизам). Вака формулираното учење ја нудело можноста монофизитите да се вратат во црквата, но било противречно на Халкидонскиот орос[1].
Присуствувале 174 епископи, кои го осудиле монотелитството и ја востановиле формулата против него, која гласи:
| “ | „Во Исуса Христа има две природи – Божествена и Човечка, а исто така и две волји – Божествена и Човечка, така што втората и се покорувала на првата.“. | ” |
Наводи [уреди]
- ↑ Давитковски, Петар (1987). „Историја на христијанската црква II дел“. Скопје: Скопје.
|
||||||||||||||||||||